Тесла ја евакуираше фабриката во Германија откако избувна пожар

Тесла евакуираше дел од својата фабрика во Германија, откако избувна пожар во халата во којашто се врши монтажа на батериите, објави германскиот економски дневник Ханделсблат. Нема пповредени и нема последици врз околината.

Фабриката во подрачјето Гринхајде, во близина на Берлин, единствена фабрика е на Тесла во Европа.

Евакуацијата почнала уште на 18-ти август, пишува Ханделсблат.

Од Тесла уште немаат излезено со службено соопштение.

Тесла ја зголемува продукцијата во фабриката во Гринхајде, во близина на Берлин, и покрај тоа што продажбата во Европа бележи голем пад.

Во германската фабрика е поставена нова опрема за производството на новото моделско годиште на Тесла Ипсилон.

Производителот се држи до планот да ја зголеми продукцијата двојно, на 10.000 возила неделно и да продолжи со проширување на логистиката и со изработката на батерии.

Продажбата на Тесла на повеќето важни пазари во Европа се преполови, откако Маск се впушти во политички води, како советник во администрацијата на Трамп и застана во поддршка на крајно десничарските партии, меѓу другото и во Германија.

Претходна објаваКинеската марка на Стелантис пречекува со нов модел на салонот во Минхен
Следна објаваФолксваген ги зајакна врските со Шаопенг, Германците сакаат да продаваат бензинци во Кина

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here