- Стелантис, Тојота и Субару нема да учествуваат во пулот на Тесла за компензирање на емисијата на ЦО2 за 2026 година.
- Форд, Хонда, Мазда и Сузуки останаа во пулот, којшто ќе ги заштити од казни при пречекорување на лимитот за ЦО2.
- ЕУ се откажа да наплаќа казни за ЦО2 лани и место тоа ќе го пресметува просекот за целиот период од 2025 до 2027 година.
Тесла загуби неколку клучни партнери во здружувањето во пул заради спуштање на вредноста на ЦО2, откако Стелантис, Тојота и Субару објавија дека засега нема да учествуваат во групацијата што е сосредоточена околу производителот на електрични автомобили од САД.
Здружувањето во пул им овозможува на производителите што го надминуваат лимитот, да ја додадат својата емисија на ЦО2 на други производители што имаат пониска емисија на ЦО2, со цел да се избегнат високите казни на ЕУ при надминување на лимитот. Првиве производители им плаќаат за услугата на вториве производители, но цената пак е под таа што инаку би требале да ја платат како казни кон ЕУ.
Стелантис, Тојота и Субару беа дел од пулот за СО2 на Тесла во 2025 година, заедно со Форд, Мазда, Хонда и Сузуки, коишто засега планираат да останат во пулот на Тесла а 2026 година.
Стелантис соопшти дека „во моментов не учествуваме во пулот на Тесла за 2026“, но додава дека постои можност концернот сепак да се придружи подоцна во текот на годинава.
Претставник на Тојота Европа изјави за Ројтерс дека компанијата може да се пријави во пулот најдоцна до декември 2026, но додаде дека „уште е прерано да се потврди, дали ќе имаме потреба да бидеме во пул.“ Тојота поседува околу 21 проценти од акциите во Субару.
Кинескиот производител на електрични автомобили Липмотор, каде што Стелантис учествува со 20 проценти, исто така отсуствува од пулот на Тесла за 2026 година. Стелантис поседува 51% акции во заедничката компанија, којашто ги извезува возилата на Липмотор.
Уште е неизвесно, дали Стелантис ќе мора официјално да објави пул со Липмотор, за емисијата од своите возила да ја компензира со нултата емисија на ЦО2 од кинескиот производител на ЕВ, заради исполнување на нормите на ЕУ.
Според првичните планови, Европската Комисија планираше високи казни за производителите што нема да ги исполнат ограничувањата за емисијата на ЦО2, почнувајќи од 2025 година. Но, Комисијата лани реши да ги ублажи правилата, а со тоа да го попушти и притисокот врз индустријата, дозволувајќи емисијата да се пресметува како просек за сите возила што ќе бидат продадени од 2025 до 2027 година.
Поради тоа, производителите се воздржани од влегување во пулови за емисијата на ЦО2 за 2026 година. Тоа е огромна промена во споредба со 2025 година, кога постоеше силен притисок да се влегува во пул и да се избегнат драстичните казни од ЕУ.
Тесла во 2025 година заработи 1,99 милијарда долари продавајќи им кредити за емисија на производителите на автомобили од цел свет. Волво од кредити наплати 3,5 милијарди круни, односно околу 380 милиони долари. Швеѓаните предвидуваат дека во 2026 година ќе им се смали заработката од продажба на ЦО2-кредити.
Извори од индустријата наведуваат дека производителите на автомобили што напуштиле пул во 2025 година, пак ќе мора да сметаат на враќање во пул, доколку просечната емисија на ЦО2 ги надмине граничните вредности од ЕУ, со просекот за периодот од 2025 до 2027 година.
Според Ројтерс, нема планови за официјални вредности за емисијата на ЦО2 да бида тојбавени во следните два до три месеци.
Во извештајот на еколошкото здружение Транспорт и Животна средина од септември 2025 година, сите европски производители, освен Мерцедес-Бенц Група, се на пат да ги исполнат целите за ЦО2, без влегување во пул.
















