за

Tesla денес организира гига-забава во фабриката во Берлин

Фабриката на Tesla во близина на Берлин е пред отворање. На тоа укажува еднодневното претворање на фабриката во гига забавен парк.

На просторот околу фабриката во којашто Tesla ќе произведува електрични автомобили во близина на Берлин, денес владее невообичаена атмосфера. Заслепувачки светлосни ефекти и звучници што ја протресуваат утробата ги поздравуваат гостите што доаѓаат да се забавуваат на овој своевиден фестивал. Не недостига ниту панорамско тркало.

Забавата се очекува да привлече десетици илјади гости, првенствено мештани од околината на Гринхајде, на 40 километри оддалеченост од Берлин. Бендови и ди-џеи ќе ја одржуваат забавата до доцна во ноќта, како што најавува вебсајтот за локалниот настан. Шефот Илон Маск веќе објави на својот профил на твитер, порачувајќи на германски јазик:

Не требаше да мине долго време за Маск да добие поправка за својот обид да зборува германски, затоа што неговата пермутација всушност значела дека некој се шегува, а не дека се организира забава во фабриката.

https://twitter.com/ErwinLindeman20/status/1446752102747889664?s=20

Мултимилијардерот и техно-пионер Илон Маск се надева дека во следните седмици конечно ќе добие одобрение да стартува производството во Гига Берлин. Максималната годишна продукција на германската фабрика изнесува половина милион автомобили. Тоа е двојно повеќе од вкупниот број на целосно електрични автомобили што биле произведени во Германија лани.

Компанијата планира да гради фабрика за батерии вредна 5 милијарди евра во непосредна близина на фабриката за електрични автомобили во Берлин, со капацитет од 50 гигаватчасови, за десет GWh повеќе од фабриката што Volkswagen ќе ја гради во Залцгитер.

Американската компанија постојано ги потсетува критичарите дека фабриката ќе биде од голема помош за Германија да ги достигне поставените цели за електрификација на возниот парк во земјата. Во исто време се појавуваат со протести бројни организации за заштита на животната средина, вклучувајќи и организации чијшто делокруг воопшто не ја опфаќа сојузната покраина Бранденбург, во којашто се наоѓа фабриката на Tesla. Други организации критикуваат дека пристапот на Илон Маск фрла сенка врз германската култура на водење бизнис.

Јавноста може да доставува забелешки до 14-ти октомври, по што министерството за животна средина ќе решава дали да даде одобрение за пуштање на фабриката во работа. Според министерот за економија на покраината Бранденбург, постои 95 проценти шанса за добивање одобрение.

Локалните власти ѝ одобрија на компанијата да прими 9.000 посетители во кругот на фабриката и покрај ограничувањето на масовни настани на 5.000 лица, поради пандемијата. Менаџментот приложил план според којшто максимално ќе се испочитуваат сите норми за заштита.

Гостите ќе можат да направат 1,5-часовна посета на фабриката, со задолжително приложување доказ за негативен тест на ковид или вакцинација.

https://twitter.com/DiemarRace/status/1446533520659296256?s=20

>>> Нема субвенции за Tesla, Toyota и Honda во САД

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Hymer продал 65.000 приколки и возила за кампување, заслуга на корона

Toj e рускиот Unimog: Теренски камион GAZ Sadko Next