за

Hymer продал 65.000 приколки и возила за кампување, заслуга на корона

Групацијата Erwin Hymer во штотуку завршената финансиска година постигнала рекорден промет од 2,7 милијaрди евра.

Производителот на приколки и возила за кампување Hymer постигнал за 23 проценти зголемен промет во изминатата финансиска година 20/21. Вкупно се испорачани 65.000 возила и приколки за кампување. Тоа ѝ донесе второ место на групацијата Hymer во Европа, веднаш по француската групација Trigano.

Во рамките на групацијата Hymer спаѓаат 15 марки на возила и приколки за кампување, меѓу коишто се најпознати Bürstner, Dethleffs, Eriba, Hymer, Laika, LMC, Niesmann + Bischoff и Sunlight. „Нашиот успех се темели на тоа што ние им овозможуваме на луѓето од целиот свет единствени доживувања во слободното време“, изјави Мартин Брант, извршен директор на групацијата Erwin Hymer при претставувањето на билансот на компанијата.

Неоспорно е дека пандемијата придонесе за нагло зголемување на и без тоа одличната продажба на возила и приколки за кампување. За директорот Брант, „сега е време за трендот на подзабавен и одржлив туризам да се обезбеди за подолг рок“. Групацијата има за цел до 2030 година да ја намали емисијата на СО2 на 20 проценти од нивото во 2019 година, а потоа да стане и целосно неутрална во поглед на СО2 до 2050 година.

Недостигот од материјали сепак влијае и врз испораката од Hymer. Недостигаат прозорци и уреди, како ладилници и касетни тоалети. Причина за тоа е недостигот од суровини. Компаниите Seitz (прозорци) и Dometic (ладилници, тоалети) не успеваат да набават доволна количина гранулат, што е непходен за производство на делови од пластика. Големата побарувачка во Кина и во САД ги остави останатите пазари во чекање.

>>> Opel Zafira е добра база за кампување

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Електричниот погон му прилега на Citroen: C4 на струја и C5 Aircross на струја и бензин во Автонова

Tesla денес организира гига-забава во фабриката во Берлин