за

Фабриката на Tesla во Берлин произведува 4.000 возила неделно

Германската фабрика на Tesla ја зголеми продукцијата на 4.000 возила неделно, кусо пред поставениот рок. За јуни се цели на пет илјади возила.

Фабриката на Tesla во Бранденбург, во близина на Берлин, ја зголеми продукцијата на 4.000 возила неделно. Според првичните планови, тоа требаше да се постигне кон средината на март.

Во германскатa фабрика на Tesla во моментов се постигнува една третина од продукцијата на Model Y во фабриката во Шангај. Американскиот производител планира неделниот број на произведени возила да го одржува на просечно 13.000 примероци од Model Y. Тоа се околу 1.000 возила под максималниот капацитет. Според планот за производство се предвидуваат и 7.000 примероци од Model 3 во февруари и март.

Tesla планираше да ја зголеми продукцијата во Бранденбург на 4.000 возила во средината на март. Планот понатаму предвидува бројот на возила произведени за една недела да се зголеми на 5.000 примероци до завршетокот на јуни. Во октомври лани, продукцијата уште заостануваше со 2.000 возила неделно, а во декември беше постигнато зголемување на 3.000 возила на неделно ниво.

Максималниот капацитет на фабриката во Бранденбург изнесува 500.000 возила годишно, што соодветствува на околу 10.000 возила неделно.

Tesla почна и со монтажа на батерии во Германија. Тие батерии ќе се вградуваат во возилата што се произведуваат во фабриката. Во минатата недела, компанијата соопшти дека сепак ќе се посвети на производството на батериски ќелии во САД, каде што се добиваат масивни државни субвенции во рамките на програмата за надминување на инфлацијата.

Американскиот производител на електрични автомобили исто така се подготвува да произведува делови за батериски ќелии, вклучувајќи електроди. Дел од таа продукција ќе се извезува од германската фабрика во САД.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota во јануари го зголемила производството, Honda и Nissan во минус

Suzuki Swace со зајакнат хибрид и освежен изглед во 2023