Suzuki Swace со зајакнат хибрид и освежен изглед во 2023

Комбито Swace за Suzuki е истото што Corolla Touring Sports е за Toyota. Тоа е една од двете близначки во соработката меѓу двете компании, покрај луксузниот Across. Повеќе од 4.000 примероци се продадоа лани во Европа, што е една десетина од продажбата на шампионот Vitara. Јапонците се среќни со овој модел, има новини за моделската 2023 година.

Suzuki Swace добива повисока моќност и неколку измени во изгледот. Опремата е збогатена со дигитални инструменти и со нови функции на системите за асистенција, што се грижат за безбедноста во возењето. Испораките ширум Европа почнуваат во март, а моделот е во редовна понуда и на македонскиот пазар, така што може наскоро да се очекува моделот да се појави во салон на Миркат.

Системската моќност на хибридниот погон е зголемена на 103 kW, односно 140 КС. Потрошувачката според фабрика изнесува 4,5 литри бензин, емисијата на СО2 е само 103 грами.

Дополнителната моќност доаѓа од посилниот електромотор, којшто сега располага со 17 киловати екстра. За посилното забрзување се грижи и плусот од 22 њутнметри во вртежниот момент. Спринтот до темпо сто е скусен за 1,7 секунда и трае 9,4 секунди.

Со зафатите во изгледот на диодните дневни светла, диодните задни светла и во браникот назад, Suzuki Swace доби посовремен изглед. Седиштата се обложени со нов дезен на материјалот.

Нови се дигиталните инструменти, во комбинација со средишен дисплеј со висока резолуција и пречник од 8 инчи. Поврзување со iPhone се одвива безжично, додека за Android е потребен кабел.

Меѓу новините во системите за безбедност е преработениот систем што предупредува кога велосипедист наидува од назад и се отвора врата на возилото. Исто е новина и функцијата на системот што ја надгледува будноста на возачот. Соколку системот препознае итна ситуација, кога возачот не презема ништо, тогаш Swace самостојно се упатува кон помошната лента, запира, ги вклучува безбедностните трепкачи и прави повик до итната помош.

Suzuki го нуди хибридното комби само во највисоките нивоа на опременост, со вклучена двозонска автоматска клима, греење на воланот и на седиштата, и уште бројни ставки. Палетата на бои е истата и се состои од седум различни бои.

Претходна објаваФабриката на Tesla во Берлин произведува 4.000 возила неделно
Следна објаваДенес е дел од Audi: Марката NSU слави 150 години

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here