за

Suzuki и Hayabusa се големи имиња и во светот на видеоигрите

Suzuki VGT е меѓу трите нови автомобили во последното обновување на Gran Turismo 7. Дизајнот има многу сличности со Swift, но главен е моторот од Hayabusa.

На близу 500-те автомобили што се дел од видеоиграта Gran Turismo 7, пред неколку денови им се придружи и Suzuki Vision Gran Turismo. Тоа е тркачка машина во дигитална форма, создадена посебно за GT7, со стил во којшто се препознаваат моделите Swift и Cappucino. За погонот е впрегнат моторот од мото-легендата на Suzuki, Hayabusa. Има и асистенција од три електромотори.

Само неколку компании во светот имаат моќна продукција на автомобили и на мотоцикли под истата марка. Suzuki разви дигитален модел што е дел од популарната видеогрa Gran Turismo 7 и го соединува имиџот на Suzuki како производител на автомобили и производител на мотоцикли. Во дизајнот на двоседот со погон на сите тркала се препознаваат вечниот Swift и оригиналниот родстер Cappucino. Кулминација на овој автомобил што постои само во виртуелниот свет е моторот од топ-мотоциклот на Suzuki, од легендарната Hayabusa. Но, моторот е само дел од погонскиот арсенал на Suzuki Vision Gran Turismo. Поточно, тој е само една четвртина од погонот.

Четирицилиндарецот од 1.340 сантиметри кубни од Suzuki Hayabusa е вграден напред, а преку карданско вратило ги испорачува њутнметрите до задната оска. Таму се придружува и електромотор, додека за предната оска се задолжени уште два засебни електромотори. Suzuki не наведува поединости околу работата на погонот, меѓутоа е вообичаено кај ваквата конфигурација, секој од двата електромотори напред, да испорачува до „сопственото“ тркало точно толку моќност, односно њутнметри, колку што е потребно во моментот. Со други зборови, нема потреба од користење диференцијал, интелигентната работа на погонот го решава проблемот со надуправувањето.

Вкупната моќност на моторот и трите електромотори изнесува 318 kW (432 КС) при 9.700 вртежи во минута, додека системскиот вртежен момент достигнува 610 Nm

При конструирањето на возилото во дигитална форма, инженерите на Suzuki примениле колку е можно повеќе делови со лесна конструкција. Како резултат од тоа, VGT тежи само 970 килограми.

Во меѓувреме и македонскиот Миркат постигнува шампионски потфати со продажбата на мотоцикли Suzuki на нашиот пазар – линк до мотоциклите https://suzukimoto.mk/

Ова не е првпат Suzuki да го впрегне моќниот мотор од Hayabusa во автомобил. Тоа претходно се има случено во 2001 година, во концептот на спортски автомобил со средишно вграден мотор GSX-R/4. Со воведувањето на Suzuki Vision Gran Turismo во играта се будат сеќавањата за легендарниот салонски автомобил, во којшто работи најмодерната технологија моментно. Сигурно нема да бидат малубројни коментарите од фанови на Suzuki, било да е тоа во неговата автомобилска или мотоциклистичка форма, за VGT да се реализира во вистински спортски автомобил со беспрекорна конструкција.

Се најавува скорешно воведување на верзија на Suzuki VGT за Група 3, што уште толку ќе ги одушеви фановите на мотоспортот. Покрај VGT, во Gran Turismo 7 се нудат и две генерации на Suzuki Swift Sport.

Suzuki Hayabusa

suzuki gsx 1300 rr hayabusa

Идејата во автомобил да се вгради моторот од Suzuki Hayabusa доживеа и вистинска реализација

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Во потрага по одговор, каков автомобил е Toyota RAV4 Adventure

Tata ја купува фабриката на Ford во Индија, ќе произведува електрични автомобили