за

Suzuki развива роботи што ќе носат пошта до врата

Suzuki постигна договор со Lomby за заеднички развој на роботи за достава што се движат самостојно.

Автомобилската корпорација Suzuki развива автономни роботи за достава во соработка со јапонскиот специјалист Lomby.

Основана во април 2022 година, стартап компанијата Lomby работи на развој, снабдување и услуги со автономни роботи за достава. Нивната работа е посветена на последната алка во синџирот на достава на пратки, во време кога логистиката бележи огромен раст, поради бумот во онлајн-трговијата и во домашната достава на храна.

Во 2022 година, Suzuki и Lomby започнаа да истражуваат можности, за автономен робот за достава, да се конструира врз основа на електричната инвалидска количка на Suzuki. Во рамките на оваа соработка, Suzuki работи на конструирањето и развојот на механичката основа, додека Lomby ќе изработува прототипи, ќе разработи систем за испорака и ќе врши демонстрирање на роботите пред клиентите.

Партнерите имаат цел, во роботите за испорака и во електричните инвалидски колички да се користи колку е можно поголем број заеднички делови, заради намалување на трошоците за масовно производство на автономните роботи за достава.

Во завршната фаза на овој голем проект, возилата ќе се регистрираат како „Remotely-Controlled Micro Mobility“. Тоа се возила што ќе бидат дозволени да се користат по јавните патишта, по ревизијата на законот за јавен сообраќај во Јапонија. Новиот закон треба да стапи во сила во април годинава и од него се очекува да придонесе за роботите да почнат да се применуваат масовно во последниот чекор од логистиката, односно во доставата до домашниот праг или канцеларија.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Уште една електро-најава од Volkswagen: Во 2027 година доаѓа ID.1 за 20.000€

Fiat ќе се произведува и во Алжир, двесте милиони евра за новата фабрика