Студенти во САД се спасија од казна за паркинг и добија бесплатен интернет

Студенти во САД се спасија од казна за паркинг и добија бесплатен интернет
Студенти во САД се спасија од казна за паркинг и добија бесплатен интернет

Намерата на американски универзитет да заработува од недозволено паркирање беше навремено осуетена од студентите. Млади и со свежа мисла, студентите брзо најдоа начин како да го надитрат блокаторот поставен врз ветробранот.

Универзитетот во Оклахома имаше убав план да поставува таканарачен „barnacle“ врз ветробранот на неправилно паркираните автомобили. Станува збор за уред што се прилепува за ветробранот (оттаму и името, тоа е еден вид ракови) и целосно го попречува погледот напред. Пробната фаза не траеше долго.

Студентите претходно добија соопштение од Универзитетот, во кое што се образложуваше дека „крабата“ врз ветробранот на неправилно паркираните е во нивна корист и дека таа ќе придонесе за намалување на трошоците. Мошне мудро од страна на образовната институција. Место да се повикува влечна служба и друг да ги наплаќа казните, на овој начин можеше самиот Универзитетот да ќарува и да наплаќа за отстранување на блокаторот.

Плаќаме десетици илјади долари за студирање, и сега сакате да наплaќате уште 180 долари казна за погрешно паркирање?

На студентите во принцип не им се допаѓа какво било ограничување. Неколку објави на твитер во продолжение:

https://twitter.com/saallyjohnsonn/status/1217190703392067584

Планот брзо се изјалови, откако сите дознаа како да ја отстранат крабата без да платат казна. Уште во 2019 година, студент на друг универзитет откри на Редит дека е доволно кон ветробранот да се насочи топол воздух од вентилацијата, за по неколку минути блокаторот да се откачи. Бидејќи тој е прицврстен со помош на „вакуумски“ држачи, малата количина воздух што останува меѓу држачот и стаклото се шири под дејство на топлина, па доволно е само да се протне кредитна картичка оздола и блокаторот се вади.

Ова „спасоносно“ откритие се рашири и по останатите универзитети, студентите масовно пријавуваат на твитер дека трикот е делотворен. На идните академци не им претставувало проблем тоа што при недозволеното отстранување на блокаторот се вклучува аларм. Тие само ги оставале блокаторите на паркиралиштето и си заминувале.

За подвигот да биде уште поубедлив, во блокаторите била вградена СИМ-картичка со неограничен пренос на податоци, заради лоцирање на уредот и деактивирање. Оваа картичка може да се користи и во други уреди. Студентите го искористиле тоа, сега имаат бесплатен интернет.

По само неколку часови, Универзитетот Оклахома се откажал од тестирањето. Петте блокатори повеќе нема да се користат. Универзитетот има 30 денови да одговори како ќе постапува понатаму во поглед на примената на блокаторот.

 

Претходна објаваTesla Model 3 најпродаван автомобил во Холандија и Норвешка лани
Следна објаваНајважните модели во 125-годишната историја на Skoda

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here