Стелантис се врати во зоната на добивка, заслуга на Џип и Рам

На концернот Стелантис со 14-те марки околу Фиат и Пежо му успеа да се врати во зоната на добивка. Тоа се должи главно на подобрената продажба на марките Џип и Рам во Северна Америка.

Рам Хеви Дјути: Пикапите и натаму се омилени во САД

Стелантис го заврши првото тромесечје во позитива. Производителот прифираше првенствено од зголемената побарувачка за новите модели од марките Џип и Рам на северноамериканските пазари.

Чистата добивка достигна 377 милиони евра, наспроти загубата во висина од 387 милиони евра во истиот период лани. Пораснаа прометот и оперативната добивка. Бројките сведочат дека мерките на извршниот директор Антонио Филоса вродија плод.

„Првите три месеци од годината ги прикажуваат првите резултати од нашите мерки, за Стелантис да го вратиме на одржлив курс на раст,“ изјави Филоса.

Забавена е електричната стратегија

Шефот на концернот во моментов е посветен на темелно преиспитување на глобалните активности. Финансиските резултати ќе бидат објавени на 21-ви мај, на денот за инвеститори во Детроит.

Некои мерки веќе се спроведуваат. Стелантис ја забави стратегијата за електрификација и во второто полугодие од 2025 година отпиша неповратни трошоци во висина од 22,2 милијарди евра. Концернот во меѓувреме ги спушти цените, со цел да го врати пазарниот удел на своите марки, ја збогати понудата од хибридни модели и ги реши проблемите со квалитетот.

Во првото тромесечје се испорачани за 12 проценти повеќе возила на светскиoт пазар. Во Северна Америка, растот достигна 17 проценти. Продажбата во Северна Америка се зголеми за шест проценти (во САД за 4%), а во Европа за пет проценти.

Резултатите се над очекувањата

„Моделите што беа воведени во 2025 година се продаваат добро. Десетте нови модели што ги планираме за 2026 година, ќе ја забрзаат оваа динамика,“ порача Филоса.

Стелантис првпат објави резултати на ниво на квартал, со намера инвеститорите да добијат појасна претстава. Причина за тоа беше ненадејното предупредување во септември 2024 година, дека поставените бизнис цели нема да се реализираат, по што мораше да си замине тогашниот извршен директор Карлос Тавареш.

Чистата оперативна добивка во првите три месеци изнесува 960 милиони евра, што е далеку над очекувањата на аналитичарите за 568 милиони евра. Во истиот период лани, таа изнесуваше 327 милиони евра.

Пречистената оперативна маржа се зголеми на 2,5 проценти, наспроти 0,9 процент лани.

Новиот Џип Компас доаѓа со два вида хибриден погон и во целосно електрична изведба

Се очекува поврат на царината

Дополнителен ветер во грб дојде од очекуваниот поврат на царина. Според одлуката на Врховниот Суд на САД, Стелантис во првото тромесечје постигнал позитивен ефект од околу 400 милиони евра.

Конкурентите Џенерал Моторс и Форд неделава исто така јавија дека очекуваат поврат на царини, во висина од 500 милиони евра за ЏМ, односно 1,3 милијарда евра за Форд.

Стелантис останува на прогнозите за 2026 година. Тие предвидуваат прометот да се движи во средното едноцифрено подрачје и оперативна маржа во ниско едноцифрено подрачје.

Паричниот тек влијае врз вредноста на акциите

Берзата сепак не реагираше толку добро. Акциите во раното тргување во Милано изгубија 7 проценти од вредноста. Тоа се должи пред се на слабиот паричен тек.

Индистрискиот слободен паричен тек во првото тромесечје е 1,9 милијарда евра во минус. Тоа е напредок во споредба со одливот на пари од преку три милијарди евра во минатата година, но пак е послаб од предвидувањата.

Аналитичарите очекуваат слободниот паричен тек да премине во позитива дури в година, со постепено подобрување во споредба со 2025 година.

Резулати по региони: Северна Америка повторно е во добивка

Стелантис во првото тромесечје постигна оперативна добивка од 263 милиони евра во Северна Америка, додека во истиот период лани беа 542 милиони евра во загуба. Маржата е 1,6 проценти, наспроти загубата од 3,7 проценти лани.

Во регионот што се води како „Европа и пошироко“, вклучувајќи ги Балканот и Евроазија, оперативниот резултат е послаб. Тој изнесува само осум милиони, во споредба со 292 милиони евра лани. Маржата падна на 0,1 проценти, додека лани беше 2,1 проценти.

Стелантис ги засили промоциите и ги спушти цените на важни пазари, како Франција. Нето приходот од ценовните зафати е за 441 милиони евра под ланската вредност.

Далеку поголем профит носи Јужна Америка, но и регионот на Блискиот Исток и Африка, и покрај смалената продажба. Стелантис во Јужна Америка постигна оперативна добивка од 393 милиони евра, покрај маржа од 11 проценти. На Блискиот Исток и во Африка, добивката е 282 милиони евра, а маржата 12 проценти.

Претходна објаваКинески Џили ја купи фабриката на Форд во Шпанија
Следна објаваКиа ПВ5 · Тест · Електричниот погон е друг свет кај доставните возила

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here