
Џили се спогодил со Форд да ја купи фабриката за монтажа Бади 3 во фабриката во Валенсија, Шпанија. Кинескиот концерн ќе произведува сопствен модел, а ќе изработува и еден модел за Форд.
Постигнатата спогодба преставува клучен напредок во преговорите што повеќе месеци се водат меѓу двете компании. Веста прва ја објави шпанскиот дневен весник Ла Трибуна де Аутоемосион.
Во објавата се наведува дека весникот не успеал да контактира ниту со претставници на Форд, ниту на Џили Европа. Официјално важи дека „постојано се водат преговори со разни компании“, без да бидат преземени конкретни чекори. Во круговите во браншата се зборува дека спогодбата веќе е потпишана.
Џили ќе произведува самостојно во фабриката на Форд
Со преземањето на халата што се води како Бади 3, на Џили му се овозможува да воведе сопствено производство што ќе биде независно од производствените ленти на Форд.
Халата располага со современа технологиа за монтажа на возила и првично беше наменета за укинатите модели на Форд врз платформата ЦД4, односно тоа се Мондео, Галакси и С-Макс. Во халата одамна не се произведува, затоа што единствениот модел на Форд што се симнува од монтажните ленти во целата фабрика е Куга, чиешто производство се одвива во халата Бади 2.
Два модели со техниката на Џили
Според упатени извори, Џили планира во Алмусафес да произведува свој модел, што се води како проект 135. Како основа за тој модел служи платформата ГЕА (Глобал Интелиџент Електрик Архитекчр). Оваа модерна платформа дозволува изведување модели со хибриден, приклучен хибриден и целосно електричен погон.
Се разгледува и можноста за истата платформа да се користи за модел што ќе го носи знакот на Форд. Според објавите, тоа веројатно ќе биде варијанта врз база на Џили Е Икс 2, модел што е мошне успешен во Кина. Во Европа, тој се води како Е2.
Електричниот компактен СУВ е долг 4,13 метри, располага со 114 КС и со батерија од 40 киловатчасови постигнува досег до 325 километри. Тој е најпродаваниот автомобил во Кина во 2025 година, со преку 465.000 возила.
Форд десетпати ги повикуваше возачите на хибридната Куга во сервис















