
Стелантис презеде целосна контрола врз заедничката компанија со Панч Пауертрејн, што развива и произведува менувачи за автомобили со хибриден погон.
Заедничката компанија на Стелантис и Панч Пауертрејн беше основана во 2018 година, со цел да се произведуваат електрифицирани менувачи со двојна спојка за модели на Групацијата ПСА со 48-волтен благ хибриден погон.
Основан во 2021 година, со соединувањето на ПСА и Фиат Крајслер, Стелантис тогаш презеде малцински удел во компанијата.
Производителот нема објавено колку изнесува сумата за сегашното целосно преземање, единствено синдикатите при стартот на заедничката компанија тогаш соопштија дека ПСА вложила 80 милиони евра.
Стелантис го вградува 48-волтниот благ хибриден погон во целата своја понуда од марки и модели на европскиот пазар, вклучувајќи ги Ситроен, Фиат, Опел и Пежо.

Погонската спрега се состои од електромотор што е вграден во менувачот и испорачува моќност кога се бара помала влечна сила, на пример, при возење во град или при постојано темпо по автопат.
Производителот тврди дека системот нуди за 20 проценти пониска емисија на ЦО во споредба со мотор со слична силина без електрификација, а исто така тврди и дека до 50 проценти од возењето во град може да се одвива во целосно електричен режим.
Менувачите се произведуваат во Мец, Франција, и во Торино, Италија, во историската фабрика Мирафиори.
Секоја фабрика посебно има капацитет да произведува по 600.000 менувачи годишно. Тогашниот извршен директор на Стелантис, Карлос Тавареш, кажа дека тесните грла во производството ја попречувале продажбата на модели со благ хибриден погон.
Производството во Мец започна во 2023 година, а од април лани се произведува и во Мирафиори. Овие два погони испорачуваат менувачи до 11 фабрики за монтажа.
Благиот 48-волтен погон во просек додава по околу 2.000 евра во цената на автомобилот.
Погонот може да се вгради во цела низа модели, почнувајќи од мини автомобили до модели од средната класа. Повеќето од деловите се заеднички со моделите што користат приклучен хибриден погон, каде што и напонот е повисок. Кај нив сепак се користи и значително поголема батерија, во споредба со батеријата со капацитет од 0,9 киловатчас кај моделите со 48-волтен благ хибриден погон.
Срцето на системот е батеријата од 0.9 киловатчас, што тежи околу 12 килограми, во комбинација со електромотор од 21 киловати (28 КС), што е дел од менувачот со двојна спојка, и со стартер-генератор со погон со ремен, што обезбедува работа на старт-стоп системот.
Иако погонот користи 48-волтен електричен систем, менаџерите лани напоменаа дека тие не го сметаат како вообичаен благ хибриден погон, затоа што постигнува слични придобивки како целосно хибридните системи со повисок напон, што ги користат Тојота, Рено и други.
Меѓу моделите што во моментов го користат овој систем или модели што ќе бидат лансирани в година, се Алфа Ромео Јуниор и Тонале, Цитроен Ц3/Ц3 Еркрос, Ц4/Ц4 Икс и Ц5/Ц5 Еркрос, Фиат 600 и Гранде Панда, Џип Авенџер, Ланчиа Ипсилон, и повеќе од моделите на Опел и Пежо, меѓу кои Грандленд и Пежо 3008/5008.
Стелантис имаше направено голема голема отстапка од моделите со приклучен хибриден погон, коишто се вградуваа во претходните генерации на поголемите модели, како Пежо 3008 и 508, и во Опел Гранленд. Концернот кон завршетокот на јануари најави „нова генерација“ на модели со приклучен хибриден погон, без да открие повеќе детали околу тоа.















