Кинеската марка на Стелантис со различни погони и пониски цени ќе го освојува најголемиот пазарен сегмент во Европа

Кинескиот партнер на концернот Стелантис, Липмотор, влегува во најголемиот пазарен сегмент во Европа, во сегментот на компактните СУВ и кросовери, со агресивна цена за својот електрчен СУВ-модел Б10.

Липмотор Б10 има висок појас, што прави тркалата од 18 инчи да изгледаат помали.

Продажбата на моделот започна во октомври, по цена под 30.000 евра за основниот модел. Најдостапната изведба на Б10 користи батерија од 56,2 киловатчасови, со поевината хемија литиум-железо-фосфат, со што постигнува досег до 361 километри.

За споредба, Шкода Елрок со батерија од 52 кВч и досег до 350 километри, почнува од 33.900 евра во Германија, додека ИД4 од сестринската марка Фолксваген, со истата батерија и досег до 364 километри, на својот домашен пазар почнува од 40.395 евра.

Од јануари до август, продажбата на Фолксваген ИД4 во Европа порасна за третина, на 51.582 возила, со што тој изби во мала предност пред два свежо стартувани модели: Елрок (48.975 возила) и Киа ЕВ3 (45.270 возила). Овие два нови модели учествуваат најмногу во растот од 174 проценти на целосно електричните модели во сегментот на компактните СУВ-модели, каде што вкупно е постигната продажба од 257.623 возила.

Б10 е прв модел што е конструиран од Липмотор, откако во 2023 година му продаде удел на концернот Стелантис. Тој ќе биде и прв модел произведен во Европа.

„Липмотор е присутен на пазарот 18 месеци и Б10 е првиот нов модел со влијание од Стелантис,“ кажа директорот за производи на Липмотор Интернационал, Франческо Џакалоне, на настанот за медиуми што на 13-ти октомври се одржа во гратчето Биот на југот на Франција.

 

Липмотор во почетокот ќе го продава Б10 од кинеско производство, чијшто испораки започнаа месецов. Стелантис потврди дека в година ќе започне со производство на Б10 во Европа, во една од своите три фабрики во Шпанија. Не се наведува во која точно фабрика ќе се произведува моделот.

Б10 е долг 4.515 милиметри, широк 1.885 милиметри и висок 1.655 милиметри, со меѓуоскино растојание од 2.735 милиметри. Компактниот СУВ е констуриран врз платформата Лип 3.5 на кинескиот производител.

Просторноста на задната клупа и висината за глава се значително поголеми во споредба со европските соперници

Просторот за нозе и за глава – посебно за патниците на задната клупа – се значително поголеми од тоа што го нудат повеќето европски, но тоа е сосем својствено за возилата што се продаваат во Кина, каде што купувачите даваат многу поголемо значење на просторнста.

Во внатрешноста на Б10 владее средишен екран од 14,6 инчи, заедно со дигитални инструменти од 8,8 инчи. Сите команди на возилото се вклучуваат преку екранот на допир, затоа што нема физички копчиња.

Како што е случај со повеќето од новиот бран кинески модели, автомобилот не поседува клуч или копче за стартување. Возачот го отклучува возилото со картичка што користи НЦФ и треба да се допре до ретровизорот или да се користи апликацијата за телефон на Липмотор.

Возачот треба само да избере дали да продолжи да вози право или да се врати во рикверц. При излегување, единствено треба да се притисне копче за паркинг и возилото да се заклучи со картичката или со апликацијата.

Изведбата на Липмотор В10 со подолг досег поседува батерија од 67,1 кВч и постигнува досег до 434 километри.

Како се однесува Липмотор Б10 во возење?

Изведбата на Б10 со подолг досег чини 2.000 евра повеќе од основниот модел. Таа располага со батерија од 67,1 кВч и со едно полнење вози до 434 километри.

При возење со 120 километри на автопат и по планинските патишта, управувањето и амортизацијата на Б10 оставаат помек впечаток, отколку кај европските модели. Производителот напоменува дека подвозјето е усовршувано на Балоко, на патеката за тестирање на Стелантис во близина на Милано.

При надворешна температура од околу 20 степени Целзиусови, Б10 трошеше околу 17 кВч/100 км при качување и 13 кВч при спуштање. Просекот од 15 кВч/100 км е сосем во согласност со податокот за досегот што го објавува производителот.

За Б10 со помалата батерија да се наполни од 30 до 80 проценти, со користење на обичен домашен приклучок за 220 волти, потребни се 9 часови и 30 минути, додека со поголемата батерија се потребни 11 часови. Со користење полнач од 11 кВ, времето се скусува на 3 часа и 30 минути, односно 3 часови. Може да се користи и брз полнач, кога при моќност од 168 кВ, батеријата се полни до 80% за 20 минути, тврди производителот.

Багажникот има зафатнина од 430 литри, а дополнително има и простор од 25 литри под предната хауба

Џакалоне и Липмотор планираат да понудат и изведба од Б10 со погон на сите тркала, каде што втор електромотор ќе се грижи за погон на предната оска.

По околу шест месеци, Липмотор ќе додаде и изведба со уште подолг досег, односно поголема батерија.

Компанијата уште нема одлучено дали изведбите со погон на сите тркала и со продолжувач на досег (дополнителен генератор, ЕРЕВ) ќе се произведува во Шпанија, заедно со стандардните изведби на Б10.

Исто како за електричните модели, Липмотор ќе мора да плаќа царина од 30,7 проценти за увоз на изведбата на Б10 со продолжувач на досег (рејнџ екстендер) за увоз од Кина во ЕУ.

„Со ЕРЕВ сакаме да ги придобиеме купувачите што се заинтересирани за електирчните возила, но уште не се подготвени за возило што се движи само на батерија, поради досегот и неизвесноста околу полнењето,“ кажа Џакалоне.

Претходна објаваДонгфенг за пет денови по излез од фабрика качи на брод преку 1.000 возила за Источна Европа
Следна објаваСитроен Ц4 · Тест · Со едно миење од теренец во лимузина

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here