за

Фирма на Стелантис гради најголема фабрика за водородни горивни ќелии во Европа

Фабриката ќе му овозможи на концернот Стелантис да ја прошири својата понуда од доставни возила со средна големина, со големи фургони, пикапи и тешки камиони со погон на водород.

Во СимфонХај се наоѓаат канцелариите на Симбио, фабриката и развојниот центар.

Фабриката ќе му овозможи на концернот Стелантис да ја прошири својата понуда од доставни возила со средна големина, со големи фургони, пикапи и тешки камиони со погон на водород.

Симбио, заедничка инвестиција за водороден погон меѓу Стелантис, Форвиа и Мишелин, најави изградба на најголема гигафабрика за водородни горивни ќелии во Европа. Фабриката се гради во регионот на Оверн-Рона-Алпи во Франција.

Во центарот што се води под името СимфонХај, почнувајќи од 2026 година ќе се произведуваат по 50.000 системи на горивни ќелии на годишно ниво. Производствениот капацитет во моментов изнесува 16.000 системи, објави Симбио во вторникот.

Горивните ќелии ја користат хемиската енергија на водородот или други горива, за да произведуваат електрична енергија. При користење водород, се ослободуваат единствено вода, топлина – и секако, електрична енергија.

Стелантис во 2021 година започна со производство на доставни возила од средна големина со погон на водород, од марките Ситроен, Опел/Воксхол и Пежо. Намерата е понудата од возила со погон на водород во Европа во 2024 година да се прошири со големи доставни возила, односно во 2025 година во САД. Можно е во иднина да се произведуваат и тешки камиони со водороден погон.

Опел Виваро-е Хидроген е еден од трите модели со погон на водород, што Стелантис ги лансираше во 2021 година.

Доставните возила за европскиот пазар се произведуваат во матичната фабрика на Опел во Риселсхајм, Германија.

„Снабдуван со горивни ќелии од Симбио, Стелантис ќе продолжи да ја проширува својата водородна понуда над доставните возила од средна големина што веќе се достапни во Европа, со големи доставни возила, пикапи од Рам, како и тешки камиони за северноамериканскиот пазар“, стои во соопштението.

СимфонХај е дел од ХајМотив, проект вреден 1 милијарда евра, со поддршка од Европската Унија и француската влада, којшто се очекува да создаде 1.000 работни места.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Во Ламборгини се работи четири дена во неделата

Од бош-пумпа стана бош-микрочип