Во Ламборгини се работи четири дена во неделата

Ламборгини Ревуелто: Вработените во производството на луксузните автомобили во Сант Агата во иднина ќе мора поретко да доаѓаат на работа.

Производителот на суперспортски автомобили Ламборгини се спогоди со синдикатите ФИОМ и ФИМ-ЦИСЛ за скусување на работното време на вработените во производството.

Вработените во изработката на фамозните автомобили од Сант Агата д’Болоњезе отсега ќе одат на работа само четирипати во неделата. Веста ја објави Ројтерс, повикувајќи се на информации од компанијата и од синдикатите.

Италијанскиот производител образложи дека чекорот не е направен само за да се поштедат вработените, туку се поврзува и со штедење.

Заштедата сепак нема да биде врз грбот на вработените. Нивните плати не само што нема да бидат намалени, туку напротив, вработените ќе добијат повисока плата.

Бидејќи тоа е прва спогодба со европски производител на автомобили, со којашто се скусува работното време, а растат платите, синдикатите го оценија договорот како „историски“.

Американскиот работнички синдикат УАВ пред неколку седмици се избори по пат на штрајк, за платите да се зголемат за 25 проценти, за вработените во Џенерал Моторс, Форд и Стелантис. Работното време остана непроменето.

Претходна објаваТуризам по замисла на АМГ: Со Г-Класа по шведски мраз
Следна објаваФирма на Стелантис гради најголема фабрика за водородни горивни ќелии во Европа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here