Шпанија во повеќето градови воведе ограничување на брзината на 30 километри на час, со цел да се смали бројот на жртви во сообраќајот. На тесните улици со само една лента, како во старите градови, може да се вози најбрзо со 20 километри на час.
Вообичаената градска брзина од 50 километри на час важи само на улиците што имаат повеќе од една лента во еден правец. Во Барцелона отсега на 75 проценти од улиците се дозволува брзина од најмногу 30 километри на час.
При пречекорување на брзината се наплаќа парична казна во висина меѓу 100 и 600 евра, а на тоа се впишуваат и шест до осум негативни бодови, односно контото се сведува на исто ниво со возачите почетници. При исцрпување на бодовното конто се одзема возачката дозвола.
Туристите исто така мора да бидат внимателни, затоа што паричните казни за прекршоци направени во Шпанија, доспеваат и во странство, вклучувајќи ја и Македонија. Уште е неразјаснето како ќе се контролира брзината. Досега беа поставени радари главно на магистралните патишта.
Причината за строгото ограничување на брзината е големиот број жртви. Во 2019 година, пред пандемијата, во Шпанија загинале 509 лица во сообраќајни незгоди во град. Со ограничувањата, ризикот за автомобил да повреди пешак се смалува за 80 проценти.
















