за

Renault Sport преоѓа во Alpine Cars

Renault Megane RS ја смени марката, спортските модели на француската марка отсега ќе се водат посебно под марката Alpine.

Автомобилите на Renault Sport, компанија со седиште во Лес Ули, отсега се автомобили на Alpine Cars. Промената на името воедно го означува и основањето на Alpine, како посебен огранок на групацијата Renault.

Во групацијата Renault веќе извесно време се вршат крупни промени диригирани од новиот шеф Лука де Мео. Alpine ќе се позиционира како премиум спортска марка, којашто најмногу нагласок ќе става на иноватиите и технологијата. Шеф на огранокот Alpine е Лорен Роси.

Во седиштето во Лес Ули моментно се развиваат моделите со електричен погон што ќе ја сочинуваат понудата на Alpine. Во развојот е од голема помош искуството и експертизата на тркачкиот тим Alpine Racing. Тие вредности се надградуваат на традиционалните вредности, односно на страста и инженерингот што низ историјата доведоа до модели како R5 Turbo, Clio V6, Mégane R.S. Trophy, и секако, новиот Alpine A110.

Alpine е основана во 1955 година од Жан Редел и со текот на годините градеше имиџ на производител на спортски автомобили со француски стил. Во 2017 година, марката го претстави новиот A110, модел верен на принципите за компактност, лесна конструкција, агилност и уживање во возењето.

>>> Renault в година започнува со продажба на електричен Megane

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Во шпанските градови отсега најбрзо со 30 километри на час

Škoda донира милион евра за борба против ковид во Индија

Škoda донира милион евра за борба против ковид во Индија