Škoda донира милион евра за борба против ковид во Индија

Škoda донира милион евра за борба против ковид во Индија

Поради лошата хуманитарна ситуација во Индија предизвикана од пандемијата од ковид, Škoda ќе испрати во земјата материјална и парична помош во висина од еден милион евра. Компанијата е голем вработувач во регионот и на овој начин ги подржува и членовите на големата фамилија на Škoda.

Менаџерите во седиштето на Škoda во Млада Болеслав се во постојани контакти со колегите во Индија. Организирано е испраќање помош, којашто меѓу другото се состои од боци кислород и треба за најбрзо време да пристигне во земјата.

Вториот бран на корона-вирусот тешко ја погоди Индија. Ненадејниот скок во бројот на инфекциите доведе до недостиг од болнички лежаи, кислород и лекарства. Škoda вработува голем број лица во своите фабрики во Пуне, Аурангабад и Мумбаи.

Помошта се состои од медицински материјали и парични средства, вклучувајќи генератори за кислород и боци со течен кислород, коишто се неопходни за превозот на болни. Škoda ги предводи активностите на групацијата Volkswagen на индискиот пазар и ужива висока доверба меѓу локалните партнери.

>>> Škoda ја зголеми продажбата за 7,2% во првиот квартал

Претходна објаваRenault Sport преоѓа во Alpine Cars
Следна објаваToyota лани продала 7,7 милиони возила, заработила 18 милијарди евра

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here