Тоа е новиот Smart #1

Мирис на бензин, звук од којшто се наежува кожата, огнови и громови – ништо од тоа не се случува кај новите автомобили. Според создателите на новиот Smart #1, денешните автомобили единствено ги спојуваат луѓето, ги поврзуваат идеите и културите и поттикнуваат заеднички искуства.

Smart и досега изгледаше различно и беше конструиран различно. Таа различност повторно зема нов тек. Новиот Smart #1, којшто е развиен во надлежност на кинескиот Geely, партнер на Mercedes-Benz Cars во оваа марка, дизајниран е многу необично и става нагласок на технологијата со којашто располага. Од марката велат дека „технологијата конечно стана помагач на луѓето и се приспособува според нивниот животен стил, место да биде обратно како досега.“ Автомобилот ни станал другар. Или другарка

Тоа е прв модел од новата генерација електрични автомобили на Smart. Развојот на новите модели се одвива забрзано, на две адреси, во Европа и во Кина. Smart сега има два дома, врз тој принцип се заснова бизнис стратегијата.

Кој очекуваше малечок Smart, место тоа со новиот модел добива СУВ долг 4,27 метри, со 2,75 метри меѓу оските и со тркала со пречник до 19 инчи. Посебноста е во просторот во кабината и во прегледноста на просторот околу.

Новиот smart #1 претставува рестарт на смарт-брендот и го прикажува новиот дизајнерски ген на Sensual Producty. Тој е пораснат, кул и соединува убавина со паметни решенија. Поради тоа, тој е нов, свеж и одушевува. Нашиот нов smart #1 има потенцијал за smart да го претвори во водечка дизајнерска марка

Горден Вагенер, главен дизајнер на Mercedes-Benz AG

 Автомобилот располага со аватар во улога на интелигентен придружник со вештачка интелигенција. Со него се ракува преку говорни команди. Аватарот претставува основа на поврзаниот екосистем во автомобилот, заедно со smart-апликацијата и со податочниот облак. Сé е поврзано со личен smart ID и заштитено е со највисоки безбедносни стандарди.

Повеќе од 75% од електронските контролни единици во smart #1 може да вчитуваат нов софтвер далечински (OTA). Се спомнуваат амбиетално осветлување со напредни функции и интелигетни менија за ракување, за возедето и користењето на автомобилот да биде природно и одушевувачко искуство.

Во почетокот, smart #1 ќе биде достапен во верзија со електромотор со максимално 200 kW (272 КС) и можност за полнење од 10-80% за 3 часа на полнач од 22 kW. На полнач со еднонасочна струја, доволни се 30 минути. Сопственикот може далечински и во секое време да издаде дигитален клуч, за друг да може да го користи автомобилот. Исто се предвидува и можност за наплата на користењето на возилото на тој начин.

Во моментов се работи на создавање мрежа од дилери низ Европа, коишто ќе инвестираат во нови smart-салони што го прикажуваат новиот ген на марката со премиум аспирации.

smart #1 · технички податоци

Погон и перформанси:*

  • Електромотор, заден погон

  • Моќност 200 kW (272 КС)

  • Вртежен момент 343 Nm

  • Брзина 180 km/h

Полнење и потрошувачка:*

  • Батерија NCM / 66 kWh

  • Досег WLTP: 420-440 km

  • Полнење AC: 22 kW, DC: 150kW

  • Времетраење на полнење

AC: 10-80% <3h

DC: 10-80% <30 mins

  • Конектори: CCS Type 2 Europe – Charging cable mode 3 standard

  • Достапен е smart wallbox за поставување во гаража во партнерство со ABB.

Надворешност:

  • Димензии: 4270/ 1822 / 1636 mm

  • Меѓуоскино растојание: 2750 mm

  • Празно возило EU: 1820 kg

  • Дозволена тежина: 2270 kg

  • Носивост: 450 kg

  • Тркала: 19”
  • Гуми: 235/45 R19

Внатрешност и инфо-забава:

  • Багажник напред 15L, назад 273-411 L

  • 12,8” дисплеј со 1920 x 1080 px

  • 9.2” full HD дигитални инструменти, 10’’ Head Up Display (HUD)

Претходна објаваМоторот OM 471 вреди половина од камион Mercedes-Benz Actros
Следна објаваЕлектричниот Fiat 500 стартува со продажба во Јапонија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here