Електричниот Fiat 500 стартува со продажба во Јапонија

По Израел и Бразил, електричниот Fiat New 500 официјално стартуваше со продажба во Јапонија. Оливие Франсоа, извршниот директор на Fiat и директор за маркетинг на Stellantis, го поздрави почетокот на продажбата на New 500 во Земјата на изгрејсонцето од Casa 500 во Торино, музеј на минатото и иднината, на културата и на иконскиот дух на „чинквеченто“.

Светската тура на електричниот Fiat New 500 пристигна и во Јапонија. Европската сцена го прифати моделот на струја со одушевување и тоа е најпродаваниот електричен градски автомобил на континентот. Во Италија, New 500 секако дека е најпродаван од сите електрични автомобили, додека во Германија од него се продава повеќе само Tesla.

Шефот Оливие Франсоа при поздравувањето на јапонската премиера на New 500, излезе со податок дека досега во земјата се продадени повеќе од 60.000 примероци од италијанскиот модел. 

Fiat ќе го нуди New 500 во Јапонија со електромотор од 87 kW (118 КС) и батерија од 42 kWh. Гамата ја сочинуваат две моделски изведби: Основна Entry во класична коммбилимузинска изедба и повисоко позиционирана изведба Icon, којашто може да се нарача и како кабриолет, со премиум кабина. Пет бои стојоат на избор: Celestial Blue, Ocean Green, Mineral Grey, Rose Gold и Ice White. Тоа е единствен електричен кабриолет што е достапен на јапонскиот пазар.

Сите модели на Fiat што се во понуда на македонскиот пазар, со цени и детални технички податоци, како и можност за споредба, можете да ги погледнете на нашиот онлaјн-каталог Автосалон МК, на следниот линк https://avtosalon.mk/inventory/?marka=fiat

Претходна објаваТоа е новиот Smart #1
Следна објаваPorsche го подржува производството на е-горива

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here