за

Од 125-те години на Skoda: Товарниот трицикл од Laurin & Klement

Од 125-те години на Skoda Товарниот трицикл од Laurin & Klement
Од 125-те години на Skoda Товарниот трицикл од Laurin & Klement

Во компанијата Laurin & Klement во Млада Болеслав, во 1905 година, покрај нејзиниот прв автомобил со име Voiturette A, беше создаден и малечок товарен трицикл. За погон служеше едноцилиндарец со водено ладење и моќност од 5 КС. Лесниот транспортер од 160 килограми постигнуваше брзина до 40 km/h. Возачкото седиште беше поставено над задната оска, а возачот гледаше над главите на патниците или над прекривката на товарниот простор во којшто можеше да се натоварат 200 килограми.

Познато е дека оваа компанија претходеше на Skoda, којашто во меѓувреме ја одбележува својата 125-годишнина. Механичарот Вацлав Лорин и книжарот Вацлав Клемент во 1895 година отвораат работилница за поправка на велосипеди во Млада Болескав. Веќе во следната година тие започнуваат со продажба на сопствениот модел Slavia. Во 1899 година следат првите мотоцикли, со едноцилиндарски мотори што исто така се изработуваат во компанијата.

Во тој период започнува со работа и компанијата CCCC, којашто меѓу другото го нуди мотоциклот LW. Со зафатнина од 600 сантиметри кубни, тој е мошне брз на времето со своите 70 km/h. Но, меѓу 1903 и 1905 година, мотоциклот се продава во само 10 примероци. Подобро минува трициклот изведен од LW, кадешто и моторот е преместен назад, вклучувајќи синџир за погон на задното тркало, па и управувањето на мотоциклот е поедноставно. LW ќе послужи како основа за трициклот на Laurin & Klement.

Рачка за декомпресија за мотоциклот полесно да се залета и моторот да стартува

Мотоциклите во тоа време стартуваа со залет. Но, зголемената зафатнина на моторот од 0,8 литри кај трициклот правеше стартувањето да биде претешко. Како решение се користеше декомпресиска рачка, со којашто се отвораше издувниот вентил и на тој начин се намалуваше отпорот на моторот. Кога мотоциклот ќе земеше залет, оваа рачка се отпушташе и моторот стартуваше. Таа се користеше и за гаснење на моторот.

New item by Automedia MK / Google Photos

Трикот со рачката за декомпресија не можеше да се користи кај потешките мотоцикли со приколка или со предна платформа за патници. Вацлав Лорин најде решение: Тој вгради оска со празен од, заедно со спојка и двостепен менувач. На тој начин, моторот можеше да стартува и во место.

Тоа направи практичните и лесни товарни возила на L&K да станат привлечни за занаетчиите и за поштенската служба. Понудата се состоеше од мотоцикли со странична приколка и трицикли, со делови од LW. Виенската пошта набрзо почна да ги користи овие мотоцикли, а потоа следеа Будимпешта и Прага.

Laurin & Klement ги продаваа трициклите до 1911 година. Се претпоставува дека денес се останати само три примероци од LW, од кои еден е во Техничкиот национален музеј во Прага и отстапен е од музејот на Skoda.

Вака изгледаа теренците на Skoda пред 70 години

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Aiways наскоро започнува со нарачки за електричниот СУВ во Европа

Aiways наскоро започнува со нарачки за електричниот СУВ во Европа

Volkswagen изработува делови за визири за лице

Volkswagen изработува делови за визири за лице