Aiways наскоро започнува со нарачки за електричниот СУВ во Европа

Aiways наскоро започнува со нарачки за електричниот СУВ во Европа
Aiways наскоро започнува со нарачки за електричниот СУВ во Европа

Производителот на електрични автомобили од Шангај кон крајот на април ќе започне со нарачки за својот електричен СУВ-модел во Европа. Стартот беше одложен поради Ковид-19, но погоните во меѓувреме се пуштени повторно.

Кинескиот производител на електрични автомобили Aiways ќе започне со нарачки за електричниот модел U5 кон крајот на месецов. Со учество чијашто висина ќе биде објавена подоцна, СУВ-моделот со погон на струја ќе се нуди по пат на директна продажба до клиентот – без класичниот модел на продажба или лизинг преку дилерска мрежа. Шангајската компанија во текот на април ќе соопшти во кои држави прво ќе стартува со продажба на Aiways U5.

Александер Клосе, извршен заменик директор за извозните пазари во Aiways, коментира: „Онлајн-претпродажбата претставува следен важен чекор на влезот на Aiways на европскиот пазар. Им ветуваме на нашите клиенти дека со мал износ на депозит ќе бидат меѓу првите што ќе го добијат U5 и ќе уживаат во предностите на елелтирчен СУВ со долг досег, висока технологија и добра опременост.“

Првите испораки од електричниот Aiways U5 ќе пристигнат во Европа најрано во август

Aiways го обнови производството на U5 во фабриката во Шанграо, Кина, откако истото беше прекинато поради Ковид-19. Производството на европската изведба на моделот ќе започне во јули, а првите испораки се очекува да пристигнат најрано во август 2020 година.

Со флексибилноста што ја поседуваат стартап-компаниите, Aiways ќе обезбеди „безконтактна“ продажба во услови на пандемија од корона, преку нови онлајн-платформи и дигитални услуги. Повеќе детали ќе бидат објавени наскоро.

https://www.instagram.com/p/B99CvC0IQAc/

Aiways U5 od kina do germanija

Aiways ќе продава возила во продавници за бела техника

Претходна објаваKia Ceed победник меѓу компактите според читателите на Ауто Билд
Следна објаваОд 125-те години на Skoda: Товарниот трицикл од Laurin & Klement

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here