Заедно со француската трка со велосипеди, Шкода ќе ја поддржува и шпанската Ла Вуелта, како и нивните дамски изданија. За таа цел, Млада Болеслав ќе стави на располагање за трките до 250 електрични и хибридни автомобили.
Шефот на Шкода, Клаус Целмер, за продолжувањето на договорот со Тур д’Франс, Ла Вуелта, за пет дамски трки и вкупно 20 трки со велосипеди низ Европа, потсетува дека „нашата компанија е создадена пред близу 130 години како производител на велосипеди“. Тоа е причината зошто Шкода толку силно се залага за велосипедскиот спорт.
Лани повеќе од 150 милиони гледачи ја следеа Тур д’Франс, само во Европа. Тоа е многу повеќе од која било друга велосипедска трка во светот.
Во договорот со организаторот АСО стои дека чешката марка ќе користи до 250 електрични и приклучни хибридни возила, како поддршка на големите трки. Годинава Шкода по 21-ви пат ќе учествува на Тур д’Франс со своите „црвени автомобили“. Тоа се подвижни командни центри на организатгорите и на директорот на трката Кристијан Прудоме.
Шкода го спонзорира и зеленото трико, што го носи водечкиот велосипедист по бодови, а воедно ги изработува и кристалните трофеи што им се доделуваат на победниците во повеќе категории. Кристалот повторно е во духот на традицијата на чешките мајстори за кристал.
Од првата трка Тур де Франс Фам, од 2022 година, Шкода го подржува и дамското издание на велоспедскиот класичар. На публиката на велосипедските настани ѝ се достапни и апликации, подржани од Шкода, за следење на Тур де Франс и Ла Вуелта.
















