за

Škoda Superb Scout доби топ-бензинец со 280 КС

Škoda ја збогати понудата од мотори за Octavia и за Superb Combi со нови бензинци. Врвот му припаѓа на кросоверот Superb Scout со погон на сите тркала, зголемен клиренс и 280 КС.

Бестселерот Octavia и знаменосецот Superb во кросовер-изведбата Scout добиваат нови мотори. Кај првиот модел, тоа е 2.0 TSI со 190 КС, во комбинација со погон на сите тркала и 7-степен DSG. Големото комби Scout доби топ-изведба 2.0 TSI со 280 КС, исто така во комбинација со погон 4х4 и седумстепен DSG.

Моќен дволитарец со 190 КС ја дополнува понудата од мотори во гамата на Octavia. Моторот е од новата генерација Evo и се нуди во комбинација со ниво на опрема Style или во комби-изведбата со зголемена теренска проодност Scout. Спринтот на 2.0 TSI 190 до темпо сто трае 6,8 секунди, крајната брзина е 239 km/h. Максималниот вртежен момент изнесува 320 Nm.

Нова топ-изведба во понудата на Superb Scout доаѓа со мотор 2,0 TSI со 280 КС, во комбинација со менувач DSG и со погон 4×4. Вртежниот момент на врвниот бензинец достигнува 400 њутнметри. Комбито од средната класа со изглед на теренец и зголемено растојание од подлогата спринтува до темпо сто за 5,3 секунди. Крајната брзина изнесува 250 km/h.

Освен со 2.0 TSI со 280 КС, Superb Scout од претходно се нуди и со новиот 2,0 TDI со 200 КС. Топ-бензинецот е достапен и во нивоата на опрема Style и Laurin & Klement, како и во варијантата со динамична нота Sportline.

Цените на новите моделски изведби на Superb во Порше Македонија:

SUPERB SCOUT 2,0 TSI 4×4 DSG 206 kW (280 КС) · 41.770 евра

SUPERB 2,0 TSI DSG 4×4 206 kW (280 КС) · 37.070 евра (Ambition), 41.840 евра (Style)

SUPERB COMBI 2,0 TSI DSG 4×4 206 kW (280 КС) · 38.070 евра (Ambition), 42.840 евра (Style)

SUPERB SPORTLINE 2,0 TSI DSG 4×4 206 kW (280 КС) · 41.390 евра

SUPERB COMBI SPORTLINE 2,0 TSI DSG 4×4 206 kW (280 КС) · 42.390 евра

SUPERB SCOUT 2,0 TDI 4×4 DSG 147 kW (200 КС) · 41.910 евра

>>> Фолксвагенова симфонија број 8 во MQB-мајор

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Европската турнеја на автобусите Isuzu гостуваше во Македонија

Кинескиот Great Wall Motor ја зголемил продажбата осумкратно – со „мала“ напомена