за

Шкода почна со производство на обновената Октавиа

Во Млада Болеслав денес почна производството на новото моделско годиште на Шкода Октавиа. Од 1996 година се произведени 7,5 милиони примероци.

Во главната фабрика на Шкода во Млада Болеслав започна производството на новото моделско годиште на Октавиа. Промени има во маската, во матричните диодни светла од втора генерација, во вештачката интелигенција што сега е дел од гласовната асистентка Лаура.

Моделското годиште 2024 од Шкода Октавиа во почетокот ќе се произведува во матичната фабрика на чешкиот производител во Млада Болеслав, но за вtората половина од годинава е планирано бестселерот да се пресели во Квасини. Со тоа, Шкода ќе ослободи место за новиот компактен модел со погон на струја Елрок. Главната фабрика ќе биде посветена на електричниото трио: Новиот Елрок и веќе докажаните Ениак и Ениак Купе.

Гамата на новиот модел се состои од четири бензинци и два дизели, со моќност до 265 КС, како и две изведби со благ хибриден погон. Со преселувањето во Квасини, Шкода воедно ќе ја зголеми продукцијата на Октавиа.

Октавиа е најпродаван модел во седум европски држави, вклучувајќи ги Чешка, Австрија и Словачка. Комби моделот е посебно популарен во Чешка, Италија, Швајцарија и уште единаесет други држави, како најпродавано комби воопшто.

Во февруари, Шкода Октавиа беше избрана за „Најдобар автомобил“ од читателите на познатиот германски магазин ауто мотор унд шпорт. Сега веќе култниот модел на Шкода, единаесетти пат беше прогласен за најдобар автомобил во компакт класата од увозна марка.

Новата верзија на Октавиа се одликува со облагородена внатрешност и со подинамичен надворешен стил. Со доплата се достапни матрични диодни светла од втора генерација.

Во внатрешноста може да се избира меѓу четири нивоа на опрема и девет стилови. Заедничко за сите изведби е користењето одржливи материјали, рециклирани материјали и кожа што е обработена еколошки.

Меѓу новините во кокпитот е средишниот дисплеј од 10 инчи, што сега е стандард. Исто така е стандард ЧетГПТ, како дел од говорната асистентка Лаура. Обновен и збогатен е арсеналот од системи за асистенција.

Видеото од тестот на Шкода Ениак Купе

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тивко и делотворно: Лексус направи уште подобар хибрид од својот У-Икс

Стелантис со најголема добивка меѓу европските производители на автомобили