за

Skoda Octavia на тест во Ауто Билд: Комби за мудри купувачи

skoda octavia combi cz
skoda octavia combi cz

Некои од најочекуваните работи на автомобилската сцена годинава, барем во редовни околности, требаше да бидат резултатите од тестовите на новата Skoda Octavia, оние вистинските тестови, кај големите медиумски куќи. Тестовите веќе почнаа, точно кај најкомпетентните во поглед на оценувањето, магазинот Ауто Билд.

Првиот официјален и релевантен тест на новата Skoda Octavia е штотуку објавен од германскиот магазин Ауто Билд. Текстот го пренесуваме во оригиналниот обем, во превод од германски јазик.

Толку е добра Octavia Combi

Возачите на службени автомобили сонуваат за празни автопатишта и за Skoda Octavia Combi. Сосем се во право! Новото издание со техника од Golf 8 на тест.

Skoda, мора да зборуваме! За новата Octavia Combi, која штотуку ја имавме на прво тестирање. Вие ја користите актуелната техника од новиот Golf 8, значи MQB Evo (модуларен систем за модели со мотор попречно) и MIB 3 (модуларен систем за инфо-забава) и што направивте вие? Во поглед на димензиите, вие го претркувате Golf и се приближувате до Passat.

Во Octavia Combi има голем број мудри решенија

Да погледнеме во багажникот: 640 литри во Octavia (плус 30), 650 во Passat Variant. Десет литри разлика, тоа е ништо. Кај Octavia повеќе не е потребна кантичка за Адблу. Таа сега има отвор за полнење што одговара на пиштолот за полнење адблу за камиони! Многу практично. Постојат уште голем број други изненадувања, но лично, се разбира дека врв е преградата под двојниот под на багажникот, којашто е наменета за двете прекривки на багажникот, исто како кај BMW.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Поаѓаме, чека автомобилот од соништата на комерцијалните агенти. Нашата Octavia Combi е во верзија First Edition со мотор 2.0 TDI со 150 PS и со седумстепен менувач со двојна спојка, за 34.770 евра (сите цени се однесуват на германскиот пазар). Бандажи од 18 инчи чинат 550 евра (може и од 19 инчи), на тоа доаѓаат комотни комфорни седишта, обложени со кожа и со електрично местење, со масажа и со проветрување (1760 евра), двоен под на багажник (190 евра), камера за рикверц (360 евра), Live-навигација (1080 евра), металик лак (590 евра) и комфорен пакет со тризонска клима за 470 евра, со греење на воланот, на предните седишта и на задната клула. И, пресметавте? Дава 39.770 евра. Тоа е многу. Но, и малку е за толку многу.

Меѓуоскиното растојание им оди во корист на патниците и на комфорот

Рачката за бирање на автоматскиот менувач ни е позната од Golf: Мала рачка, што остава многу простор во конзолата. Телефонот може да се остави комотно, да се полни индуктивно. Широкиот дисплеј на допир нема вртлив регулатор за силината на звукот, туку има лизгач долу. Тоа е исто како бришење прашина со прст, десно гласно, лево тивко. Останатите копчиња се поставени над отворите за проветрување и речиси се невидливи. Истото важи и за прекинувачот за возните режими, од Еко до Спорт. При избор на спортски режим, подвозјето се скрутува, управувањето станува подиректно, издувот погласен. За патот по нашата рута околу Прага, којшто е полн со дупки, сепак е подобро подвозјето DCC (840 евра заедно со радарски темпомат и препознавање замор) да се постави на Комфор. Octavia ги амортизира сите нерамнини слично како Golf и се покажува како пријатен придружник и на долгите нерамнини. Секако дека со своето меѓуоскино растојание од 2,69 метри, таа убаво лежи на патот.

Skoda Octavia
Skoda Octavia

2,69 метри! Тоа се пет сантиметри повеќе од Golf; Кога напред седи возач висок 1,80 метар, назад може комфорно да се смести двометраш и да ги прекрсти нозете. Комфорните предни седишта со печат од германските ортопеди (AGR) имаат можност за извлекување на основата, а задната клупа е добро контурирана за двајца патници.

Во подвозјето нема за што да се забележи

Назад на патот. Моќност од 150 КС доаѓа со вртежен момент од 360 њутнметри, тоа повлекува пристојно. Во принцип е доволно. Сепак е недоволно, особено ако претходно се возел RS со 200 КС (пристига во третото тримесечје). Сето останато, значи подвозјето, управувањето, менувачот, познати ни се од Golf. Сé е солидно, прецизно. Тоа значи дека сé е како што мора да биде, за да се победи во споредбите против конкуренцијата. Да заокружиме: Со надворешна должина од 4,69 метри и со исто толку простор, Octavia не игра во иста лига со Golf VII Variant (4,57 метри), туку им се меша на Audi A4 Avant (4,76 метри), но со многу поголем багажник, а по пониска цена. Не е далеку ниту за осум сантиметри подолгиот Passat. Или сепак е далеку? VW поседува проекциски дисплеј со стаклена плоча врз арматурбата табла, додека податоците кај Octavia се проектираат врз ветробранот. Па, кој е сега во предимство?

Заклучок: Браво, Skoda! Чесите ја зграпчија актуелната техника на VW и конструираа ултрамодерно комби, најголемо во компакт класата. Octavia е и останува комби за мудри купувачи. Оцена на тестот на АУТО БИЛД: 1

Технички податоци · Skoda Octavia Combi 2.0 TDI

  • Мотор: Четири цилиндри, турбо, зафатнина 1968 cm³
  • Моќност: 110 kW (150 КС) при 3000/min
  • Максимален вртежен момент: 360 Nm при 1700/min
  • Погон: Напред, седумстепен DSG
  • Должина / Ширина / Висина: 4689/1829/1468 mm
  • Празно возило: 1412 kg
  • Багажник: 640 / 1700 l
  • 0100 km/h: 8,8 s
  • Vmax: 222 km/h
  • Потрошувачка: 4,7 l/100 km (дизел)
  • Емисија на CO2: 122 g/km
  • Цена: од 32.970 евра (во Германија)

Skoda Octavia почнува со продажба кон крајот на март

Новата генерација на Skoda Octavia преоѓа во класа погоре

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трамп нареди General Motors да произведува респиратори

Трамп нареди General Motors да произведува респиратори

Mercedes со 3D-печатачи ќе учествува во производство на медицинска опрема

Mercedes со 3D-печатачи ќе учествува во производство на медицинска опрема