Mercedes е подготвен да се вклучи во производството на медицинска опрема. Со помош на 3D-печатачи може да се изработуваат деловите за опремата што итно е потребна поради пандемијата на корона.
Mercedes искажа подготвеност, со својот стручен персонал и со долгогодишното искуство во технологијата на 3D-печатење, да учествува во производството на медицинска опрема. Концернот Daimler е во постојан контакт со покраинската влада на Баден Виртемберг. „Нашите 3D-печатачи во секој случај ќе стојат на располагање.“
Автомобилската компанија од Штутгарт располага со тридецениско искуство во истражувањето и примената на таканаречената адитивна изработка, односно 3D-печатење. Оваа технологија се користи при изработката на прототипи, како и при производство во мали серии.
Mercedes со своите 3D-печатари годишно изработува до 150.000 делови од пластика и метал. Овој капацитет сега стои на располагање во целост. Може да се користат сите тековни постапки на тридимензионалното печатање, од стереолитографија (SLA) преку Selective Laser Sintering (SLS) und Fused Deposition Modelling (FDM) до печатење метал, односно Selective Laser Melting (SLM).
При адитивната изработка, елементи што се конструирани по дигитален пат, се изработуваат слој по слој во „печатар“. Како појдовен материјал стојат на располагање пластика и метал во прав или смоли. Овој материјал се топи под дејство на извор на енергија, обично еден или повеќе ласери. Откако ќе се изработи еден слој, автоматски се нанесува следниот. Тоа се повторува сé додека делот не се изработи целосно.
На следното видео може да се погледне како изгледа 3D-изработката:
These are not usual times.
Our 3D printers are ready to support. #COVID19 #Daimler pic.twitter.com/f2uyzn67Jw— Daimler Truck (@DaimlerTruck) March 27, 2020
















