за

Škoda Enyaq iV водеше три етапи на шпанската Ла Вуелта

Електричната Škoda снабдена со посебна опрема се користеше како командна централа за директорот на велосипедската тура Ла Вуелта.

Škoda Enyaq iV водеше три етапи на шпанската Ла Вуелта

Škoda е меѓу трите главни спонзори на важниот спортски настан и воедно е официјален партнер за возила и спонзор за зелената маица, што се доделува на најдобриот спринтер.

Пелотонот на годинешната велосипедска тура Ла Вуелта го придружуваа неколку примероци од Škoda Enyaq iVs. Новиот електричен СУВ-модел на чешкиот производител беше дел од 13-та етапа на шпанската велосипедска тура, а им се придружи на велосипедистите и во завршните две етапи на 7-ми и 8-ми ноември. Еден Enyaq iV беше предводнички автомобил (црвен автомобил) и подвижен контролен центар за директорот на трката Хавиер Гуљен.

Годинешната Ла Вуелта беше скусена поради ограничувањата поврзани со корона, но спектаклите не изостанаа. Тринаесеттата етапа, на пример, од Мурос до Мирадор де Езаро, имаше неколку искачувања по нагорнини до 20 проценти. На хронометарската етапа од 33,7 km, Škoda Enyaq iV дебитираше како „црвен автомобил“ за директорот на трката Хавиер Гуљен, кој пред тоа се возеше во Škoda Superb iV.

Втората Škoda Enyaq iV се користеше како возило за поддршка на Примож Роглич, словенечки велосипедист, кој победи на „Вуелта“ и ја освои и зелената маица за најдобар спринтер.

Директорскиот автомобил беше опремен со лизгачки стаклен покрив назад, со шест антени, специјални сирени, ладилник и врвна опрема за комуникација.

Škoda Enyaq iV е прв сериски автомобил врз платформата MEB на концернот Volkswagen. Компактниот СУВ е достапен со заден погон и со погон на сите тркала, со досег до 536 km според реалната норма WLTP. Основниот модел располага со 148 КС, топ-изведбата има 306 КС.

>>> Škoda Enyaq iV ја поместува целата марка понапред

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

BRM се враќа во живот со мотор со 16 цилиндри

BRM се враќа во живот со мотор со 16 цилиндри

Tesla одбележа поставување на 20-илјадитиот суперполнач

Tesla одбележа поставување на 20-илјадитиот суперполнач