BRM се враќа во живот со мотор со 16 цилиндри

BRM се враќа во живот со мотор со 16 цилиндри

Меѓу најспектакуларните конструкции на мотори низ историјата не се пропушта да се наведе моторот на BRM. Овој мотор V16, со микро-зафтатнина од 1,5 литар споредено со бројот на цилиндрите, своевреметно лесно качуваше над 12.000 вртежи. Механички компресор дополнително му додаваше тон на овој моторен бисер. BRM повторно ќе се изработува, во микро-серија.

Важноста на трите букви BRM (од British Motor Racing) станува појасна кога ќе се поврзат со едно од најголемите имиња во историјата на автомобилизмот. Хуан Мануел Фанџо, во своите рани денови во Формула 1, се тркаше токму со BRM Type 15 со мотор со 16 цилиндри. Од овој автомобил е останат само еден примерок и тој се чува вредно во музеј – каде што ретко кој може да го слушне или да ја почувствува возната динамика.

Тоа ќе се смени. Џон Оуен, синот на првиот директор на BRM, Сер Алфред Оуен, заедно со неговите синови Сајмон, Пол и Ник, в година ќе ја одбележи 70-годишнина на марката со изработка на три нови примероци од P15. Возилата ќе носат сериски броеви што своевремено останале неискористени, поради сменетиот стандард на бележење.

Едниот примерок ќе остане во фамилијата, преостанатите два ќе бидат понудени на продажба. За изработката на новите примероци се користела исклучително обемна архива, сочинета од повеќе од 20.000 технички цртежи.

Посебноста на новите P15 ќе биде во тоа што тие нема да служат за украс, туку за трки. Тие ќе бидат доведени во согласност со стандардите на FIA за трки со историски возила. Целта е BRM да живее пвоторно како дел од историјата на британскиот мотоспорт.

Трите возила се во фаза на изработка, в година се планира тие ќе се појават на тркачките патеки, заради одбележување на јубиулејот на BRM.

Претходна објаваКонцернот Volkswagen ќе електрифицира цел грчки остров
Следна објаваŠkoda Enyaq iV водеше три етапи на шпанската Ла Вуелта

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here