за

Škoda Enyaq со германски субвенции од 33.800 на 24.230 евра

Основната моделска изведба на Enyaq, електричниот СУВ-модел на Škoda, достапна им е на купувачите во Германија по цена на модел со обичен погон – благодарение на субвенцијата од 9.000 евра.

Škoda Enyaq iV 50 располага со моќност од 109 киловати, односно 148 КС и со полна батерија реално минува до 362 километри.

Škoda додава нов основен модел во понудата на електричнот СУВ-модел Enyaq iV. Новата иведба ја носи ознаката „50“ и располага со електромотор со 109 kW (148 КС) на задната оска. Максималниот вртежен момент изнесува 220 Nm. Литиум-јон батеријата од 55 kWh дозволува досег до реални 362 километри. Редовната продажна цена изнесува 33.800 евра. Со државната т.н. иновациска премија во висина од 6.000 евра и со дополнителните 3.000 евра премија од производителот, цената на електричниот СУВ на крајот е пониска за 9.570 евра.

Моделот стандардно располага со диодни предни и задни светла, алу-тркала од 18 инчи, двозонска автоматска клима, кожа на воланот и грејачи на ретровозорите. Внатрешноста е изведена во стилот што дизајнерите на Škoda го нарекоа Студио.

Должината на Enyaq iV изнесува 4.649 mm, ширината е 1.879 mm, висината е 1.617 mm. Иако моделот е за нијанса покус од Octavia, електричниот СУВ внатре нуди многу повеќе простор. Според Škoda, просторот е споредлив со Kodiaq. Меѓуоскиното растојание изнесува 2.765 mm, подот е целосно рамен. Багажникот располага со зафатнина од 585 литри.

При користење ѕиден полнач од 11 kW, полнењето трае до шест часови, додека на полначите на ЕВН во Македонија (22 kW), времето се преполовува, односно трае до три часови. Техниката дозволува и користење на брзи полначи со еднонасочна струја. Порше Македонија очекува моделот да го понуди во продажба кон крајот на годинава. Претходно пристига Volkswagen ID.3, веројатно уште во мај.

Škoda започна со сериско производство на електричниот Enyaq

>>> Škoda започна со сериско производство на електричниот Enyaq

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Во Mercedes-AMG во иднина ќе работи повеќе F1-техника

Тест на 15 летни гуми со димензија 205/55 R16