за ,

Тест на 15 летни гуми со димензија 205/55 R16

Клубот АДАК во своето редовно годишно тестирање соочи 15 модели на летни гуми во често застапената димензија 205/55 R16 во компакт и средната класа.

Главно позитивни оцени од стручните лица на клубот АДАК по годинашното тестирање на летни гуми. Сепак постојат неколку изненадувања.

Кога температурите ноќе не се спуштаат под нулата и дење затоплува над десетина степени, тогаш е време за зимските гуми да се заменат со летни гуми. Некој ќе ги монтира гумите од последната сезона, затоа што има останато уште профил за возење, некој ќе оцени дека сепак е време да се набават нови летни гуми. Во вториот случај, прашањето секогаш е истото. Кои гуми се најдобри? Одговорот го дава германскиот клуб АДАК, водечки автоклуб во Европа, со своите тестови на гуми. Овојпат на тест се најде димензијата 205/55 R16 со брзински индекс V, до 240 km/h, којашто често е застапена кај новите генерации автомобили од компакт и средната класа.

Општиот заклучок по тестирањето: Од 15 тестирани модели на летни гуми, три модели добија оцена „многу добро“, единаесет гуми се „добри“, една гума заврши со „доволно“. Во продолжение е кус преглед на оцените и забелешките, со силните и слабите страни на сите модели на гуми, по него следи вообичаениот детален преглед со перформансите што ги постигнаа одделните модели на гуми според посебните критериуми на тестирањето. Годинава како чувствителна тема се покажа абењето на гумите.

Модели на летни гуми на тестот на АДАК (2021)

⇒ АДАК тест на летни гуми 205/55 R16: Continental PremiumContact 6

Оцена на тестот: 2,2

Препорака на АДАК: Посебно се препорачува

Предности

Недостатоци

Хармонична летна гума

Малку зголемена потрошувачка на гориво

Најдобра оцена на влажно

Добра и на сув пат

⇒ АДАК тест на летни гуми 205/55 R16: Semperit Speed-Life 3

Оцена на тестот: 2,2

Препорака на АДАК: Посебно се препорачува

Предности

Недостатоци

Многу хармонична

Посебно добра на влажно

Добра и на сув пат

⇒ АДАК тест на летни гуми 205/55 R16: Bridgestone Turanza T005

Оцена на тестот: 2,3

Препорака на АДАК: Посебно се препорачува

Предности

Недостатоци

Мошне хармонична

Малку повисока надворешна бучава

Добра на сув и на влажен пат

Ниска потрошувачка на гориво

⇒ АДАК тест на летни гуми 205/55 R16: Goodyear EfficientGrip Performance 2

Оцена на тестот: 2,6

Препорака на АДАК: Се препорачува

Предности

Недостатоци

Најдобра оцена за абење

Малку послаба на сув пат (намалување на крајната оцена)

Добра на влажен пат

Релативно ниска потрошувачка на гориво

⇒ АДАК тест на летни гуми 205/55 R16: Kumho Ecsta HS51

Оцена на тестот: 2,6

Препорака на АДАК: Се препорачува

Предности

Недостатоци

Најдобра оцена за потрошувачка на гориво

Малку послаба на сув пат (намалување на крајната оцена)

Добра на влажно

Релативно мало абење

⇒ АДАК тест на летни гуми 205/55 R16: Hankook Ventus Prime 3 K125

Оцена на тестот: 2,7

Препорака на АДАК: Се препорачува

Предности

Недостатоци

Посебно добра на сув пат

Малку послаба на влажен пат (намалување на крајната оцена)

Релативно ниска потрошувачка на гориво

⇒ АДАК тест на летни гуми 205/55 R16: Fulda EcoControl HP 2

Оцена на тестот: 2,8

Препорака на АДАК: Се препорачува

Предности

Недостатоци

Релативно мало абење

Слабости на влажен пат (намалување на крајната оцена)

Релативно ниска потрошувачка на гориво

⇒ АДАК тест на летни гуми 205/55 R16: BF Goodrich Advantage

Оцена на тестот: 2,9

Препорака на АДАК: Се препорачува

Предности

Недостатоци

Најдобра оцена за порошувачка на гориво

Слабости на влажен пат (намалување на крајната оцена)

Добра на сув пат

Релативно слабо абење

⇒ АДАК тест на летни гуми 205/55 R16: Maxxis Premitra 5

Оцена на тестот: 3,0

Препорака на АДАК: Се препорачува

Предности

Недостатоци

Најдобра оцена на сув пат

Релативно висока потрошувачка на гориво

Добра на влажно

Релативно високо абење (намалување на крајната оцена)

⇒ АДАК тест на летни гуми 205/55 R16: Nokian Wetproof

Оцена на тестот: 3,0

Препорака на АДАК: Се препорачува

Предности

Недостатоци

Добра на сув пат

Релативно висока потрошувачка на гориво

Добра на влажен пат

Релативно високо абење (намалување на крајната оцена)

⇒ АДАК тест на летни гуми 205/55 R16: Pirelli Cinturato P7

Оцена на тестот: 3,0

Препорака на АДАК: Се препорачува

Предности

Недостатоци

Добра на сув пат

Релативно висока потрошувачка на гориво

Добра на влажен пат

Релативно високо абење (намалување на крајната оцена)

⇒ АДАК тест на летни гуми 205/55 R16: Uniroyal RainSport 5

Оцена на тестот: 3,0

Препорака на АДАК: Се препорачува

Предности

Недостатоци

Добра на влажен пат

Слабости на сув пат

Релативно ниска потрошувачка на гориво

Релативно високо абење (намалување на крајната оцена)

⇒ АДАК тест на летни гуми 205/55 R16: Petlas Imperium PT515

Оцена на тестот: 3,3

Препорака на АДАК: Се препорачува

Предности

Недостатоци

Релативно слабо абење

Слаба на сув пат

Слаба на влажен пат (намалување на крајната оцена)

⇒ АДАК тест на летни гуми 205/55 R16: King Meiler Sport 1

Оцена на тестот: 3,6

Препорака на АДАК: Условно се препорачува

Предности

Недостатоци

Протектирана гума (од рецилирани суровини)

Слаба на сув пат

Гласна бучава при тркалање

Многу слаба на влажно (намалување на крајната оцена)

Победничките модели се одликуваат со посебна хармоничност

Гумите Continental PremiumContact 6 се добро заокружен пакет и одушевуваат првенствено на влажен пат. Во поглед на управливоста на влажно, овие гуми посебно се издвојуваат. Во споредба со најдобрите, тие сепак имаат малку повисока потрошувачка на гориво.

Моделот Speed-Life 3 од марката Semperit, којашто е втора марка на Continental, се покажа како универзалец. Тие се само за нијанси послаби на влажно, но затоа го победија PremiumContact 6 во отпорот на тркалање, односно во потрошувачката на гориво.
Bridgestone Turanza T005 е добра на влажно, а одушевува и на сув пат, со кусиот пат на сопирање. Меѓу останатите предности е нискиот отпор на тркалање.

На овие гуми им е намалена оцената поради слабости на сув пат

Goodyear EfficientGrip Performance 2 за малку ја пропуштија крајната оцена „многу добро“. Тие имаат кус пат на сопирање и добро се владеат на влажен пат, но покажуваат мали слабости во возните својства на сув пат – поради тоа, крајната оцена е смалена на „добро“. Меѓу нивните предности се вбројува мошне високата отпорност на абење – но, повеќе за тоа подолу.

Корејските Kumho Ecsta HS51 се издвојуваат со високата отпорност на аквапланинг. На поплавен пат, тие запливуваат при многу повисока брзина. Покрај тоа, тие не трошат многу енергија при нивното тркалање. Во споредба со другите гуми, со нив може да се заштеди најмногу гориво. Затоа пак, тие имаат слабости на сув асфалт – во поглед на управливоста, првенствено им недостига прецизност.

Турските гуми Petlas Imperium PT515 имаат проблеми со безбедноста при возење по сув пат, поради слабата сранична цврстина, како и поради слабиот контакт со подлогата – поради тоа е намалена оцената. Petlas заостанува и на влажно, со релативно долгиот пат на сопирање и со слабата управливост.

На овие гуми им е намалена оцената поради слабости на влажен пат

Alnac 4G се модел на летни гуми од Apollo, мајчинската марка на Vredestein. Овие гуми постигнуваат добар компромис меѓу главните критериуми „влажно“ и „суво“, но и во двете дисциплини за малку ја пропуштаат оцената „многу добро“. Крајната оцената им се намалува за едно поради слабите својства на влажно.

Наспроти тоа, Hankook Ventus Prime 3 K125 се непркосновени специјалисти за суво. Тие се одликуваат со исклучително прецизна управливост и постигнуваат најдобар контакт со подлога, но пропуштаат подобра оцена поради слабата управливост на влажно.

Слабата управливост на влажно им одзема бодови и на Fulda EcoControl HP 2 од концернот Goodyear, иако овие гуми се покажуваат мошне добри во поглед на абењето и потрошувачката на гориво. Овие своевидни економски критериуми се силни страни на моделот Advantage од марката BF Goodrich, којашто е ќерка на Michelin. Гумите одушевуваат со кусиот пат на сопирање на сув пат. Но, тест-тимот на АДАК им измери слаб контакт со патот и значително намалување на страничното држење при забрзување и при сопирање.

Ова се предвидените километражи на гумите на тестот

Трите модели Maxxis Premitra 5, Nokian Wetproof и Pirelli Cinturato P7 C2 покажуваат добри и хармонични својства на суво и на влажно. Меѓутоа, оцената им се намалува за едно поради релативно високото абење. Од еколошко и економско гледиште на возачите кои минуваат долги километражи, тоа е недостаток. Овие гуми сепак заслужуваат препорака за возила со коишто се минува мала километража во текот на годината.

Разликите при тестирањето на абењето се големи. Додека Nokian доаѓа на границата на истрошеноста при 24.800 километри, со Goodyear Efficient Grip Performance 2 при исто услови се минува повеќе од двојно подолга километража, имено 55.300 километри.

Само оцена „доволно“ за протектираните гуми

King Meiler Sport 1 се единствените протектирани гуми против 14 нови гуми. Со нив се заштедуваат вредни суровини, затоа што врз каркасата при протектирањето се нанесува само нова газечка површина од еден до друг раб. Како што покажува крајниот резултат, Sport 1 не може да се носи со конкурентите на тестот.

Во дисциплините на сува подлога, овие гуми имаат втор најдолг пат на сопирање. При оценувањето на упралвивоста, гумите се нехармонични, особено при повисока температура. При свртување, таа реагира задоцнето и непрецизно, а границата на држење се достигнува брзо при сите возни маневри. На влажна подлога, King Meiler заостанува многу со слабите својства при сопирање и аквапланинг во свијоци, како и со недефинираните и непрецизни возни својства.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Škoda Enyaq со германски субвенции од 33.800 на 24.230 евра

Seat Ateca расклопена по 100.000 km, видеото е уникат