Superb е најдобар модел од увозна марка во средната класа, а воедно и победник во категоријата за најдобра противвредност. Kamiq е најдобар СУВ од увозна марка со цена до 30.000 евра, додека Enyaq е победнички електричен СУВ до 50.000 евра од марка што не е германска. Така решија читателите на ценетиот германски магазин Auto Zeitung, во гласањето за Auto Trophy 2022. Петтата победа е за целата марка Škoda.
Деветти пат во низа, читателите на германскиот магазин Auto Zeitung ја избираат Škoda за најдобра увозна марка. Затоа и не изненадува тоа што чешката марка освои најмногу трофеи во изборот за Auto Trophy 2022, што германскиот магазин го одржува веќе 35 години. Kamiq е прв во категоријата увозни СУВ-модели до 30.000 евра, електричниот СУВ-модел Enyaq исто така е победник во својата категорија во конкуренција на увозни марки. Superb освои две први места: Тој победи меѓу моделите од увозните марки во средната класа, но освои и награда за најдобра противвредност.
За изборот пристигнаа гласови од 16.657 читатели и онлајн-корисници. Се гласаше за 226 модели и 95 марки, во 32 категории. За секој десетти гласач, Škoda е најдобра увозна марка. По 2014 година, тоа е деветти пат како што Чесите го постигнуваат овој триумф.
- Škoda Kamiq – Најдобар СУВ-модел од увозна марка до 30.000 евра (16,3% од гласовите)
- Škoda Enyaq iV – Најдобар електирчен СУВ од увозна марка до 50.000 евра (20,51% од гласовите)
- Škoda Superb – Најдобар модел во средната класа од увозни марки (24,56% од гласовите) и модел со најдобра противвредност (24,77% од гласовите)
Тест · Skoda Karoq 2.0 TDI Sportline · Како ловен трофеј, за в гаража место на ѕид