Сеат не притиска за електричен погон, повеќе внимание на бензинците

Сеат Атека во текот на годинава ќе добие изведба со благ хибриден погон.

Сеат нема да добие изведба што ќе се темели врз електричниот ИД.1 на матичната марка Фолксваген, затоа што таа нема да биде профитабилна за марката, вели Грифитс.

Фолксваген планира во 2027 година да го пушти во продажба својот основен модел со електричен погон, за да се натпреварува со кинеските новодојденци, како БИД Сигал и со докажаните имиња, како новиот Рено Твинго.

Сеат по традиција го покрива основното ниво во понудата на групацијата Фолксваген, и Грифитс објаснува: „Не можеме да вложуваме во непрофитабилни проекти. Со тековната цена на батериите од 100 долари по киловатчас, овие модели не може да бидат профитабилни. Ќе мораме да почекаме, цената на батериите да се спушти на 70 долари, па дури и на 60 долари по кВч.“

Повеќе модели со благ хибриден погон во понудата на Сеат

Сеат ќе ја задржи тековната понуда од модели со бензински/дизел и хибриден погон до завршетокот на десетлетието, кажа Грифитс при објавувањето на деловните резултати на марката за 2024 година.

Градскиот модел Ибиза и малечкиот СУВ-модел Арона во текот на годинава ќе имаат моделско освежување, вклучувајќи и додавање изведби со благ хибриден поогон, во понудата што сега е сведена само на бензинци.

Компактот Леон е достапен со приклучен и со благ хибриден погон. Компактниот СУВ-модел Атека нуди избор од бензински и дизел мотори, без опција за каков било хибрид.

Грифитс кажа дека на Сеат можеби ќе му биде потребен основен електричен модел, но сега не е вистинското време за марката да се електрифицира, посебно кога ќе се земе предвид малиот удел на батериските електрични авотмобили во продажбата на шпанскиот пазар.

Сестринската марка Купра исто така нема да нуди верзија на Фолксваген ИД.1. Исто и менаџерите на Шкода претходно соопштија дека нема да нудат верзија на моделот на Фолскваген, затоа што ќе мора да ја продаваат неколку стотини евра под ИД.1, а со таа цена не може да се постигне профит.

Главните приоритети на групацијата Сеат во моментов се раст кај марката Купра и успех со проектот за возила со електричен погон од градската класа, со којшто Сеат раководи на ниво на цела групација Фолксваген, напомена Грифитс.

[the_ad id=”85764″]

Во тој проект спаѓаат батериски електрични модели со големина на ФВ Поло, што ќе почнат да се продаваат во првата половина од 2026 година. Тоа се Купра Равал и Фолксваген ИД.2, што ќе се произведуваат во фабриката на Сеат во Марторел/Барцелона, и кросоверите Шкода Епик и Фолксваген ИД.2 Икс, што ќе излегуваат од фабриката на Фолксваген во Памплона, исто така во Шпанија.

Продажбата на марката Сеат во минатата година порасна за 7,5 проценти, на 310.000 возила, додека Купра исто така постигна раст од 75 проценти и продаде 248.100 возила. Оперативната добивка се зголеми за 1,3 процент и достигна 633 милиони евра.

Претходна објаваЏагјуар Ланд Ровер вработи 150 специјалисти за електрични автомобили
Следна објаваИ сопирачките стануваат електрични: Наскоро првите системи од Брембо и ЗФ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here