Seat го пренамени камионот за трки во центар за вакцинирање

Камионот во почетокот ќе биде паркиран во градската четврт Ел Борн во Барцелона, при што ќе се врши вакцинирање седум денови во неделата во периодот од 10 до 20 часот. Целта е да се забрза имунизирањето на жителите во овој дел од градот, особено на лицата над 40-годишна возраст и на лицата што имаат потешкотии да пристапат до вообичаените места.

Освен со камионот, Seat помага и со својот медицински персонал, кој има богато искуство со вакцинирањето против ковид. Тие досега имаат дадено над 20.000 дози вакцини на вработените во Seat, во Volkswagen и кај добавувачите.

Во моментов над 90 проценти од вработените во Seat имаат примено најмалку една доза од вакцината, а се планира вакцинацијата да заврши до август. Вонредниот ангажман е резултат од спогодбата со каталонските власти, со којашто на Seat му се одобрија средства за поддршка на јавните медицински услуги при вакцинирањето. Тоа му овозможи на Seat да ја реализира решеноста да помогне за во најкус рок да бидат вакцинирани колку е можно повеќе лица.

Камионот е паркиран директно покрај Триумфалната Порта во Ел Борн. Дневно се даваат 1.400 дози вакцини. Уште две мобилни единици се користат во останатите делови од градот.

Претходна објаваLamborghini распродаден до април 2022 година
Следна објаваToyota со времена замена за возилата оштетени во поплавите во Германија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here