за

Toyota со времена замена за возилата оштетени во поплавите во Германија

Велат дека пријателите се познаваат во неволја. Toyota во Германија обезбеди 100 возила што ќе се користат како замена за возилата оштетени во поплавите.

Германскиот огранок на Toyota им помага на клиентите што имаат претрпено штети од невремето и поплавите во земјата. Увозникот обезбеди 100 возила кај своите договорни партнери во погодените региони.

Сопствениците на автомобил Toyota во регионите што се погодени од силното невреме во неколку германски покраини, можат да се обратат на локалниот дилер за марката и бесплатно да добијат заменски автомобил, доколку сопствениот автомобил повеќе не е во возна состојба.

Преку склучување договор со кредитната банка на Toyota и со осигурителната служба на Toyota, што повеќе е заради правна сигурност, оштетените лица во поплавите можат бесплатно да користат модел Corolla до осум недели. Помошта од Toyota исто така можат да ја користат општините и заедниците. Во случај на користење на нејзините услуги, кредитната банка на Toyota го одложува отплаќањето на кредитот, а осигурителната служба помага за итен надомест на штетата.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Seat го пренамени камионот за трки во центар за вакцинирање

Електричната Dacia чини 10.920 евра во Германија, првите испораки наесен