Lamborghini распродаден до април 2022 година

Франкфурт го изгуби ИАА, производителите бараат друг град

Долги рокови на испорака кај престижната спортска марка Lamborghini, поради тоа што фабриката не може да реагира соодветно на високата побарувачка. Чекањето на испораката на нов Lambo според сегашните состојби би траело десет месеци.

Lamborghini во првото полугодие продаде повеќе автомобили од кога било во својата историја. Неполни двестотини возила недостигаа за спортската марка од Сант Агата да надмине 5.000 возила. Марката во сопственост на Volkswagen од јануари до крајот на јуни испорачала 4.852 возила. Тоа се 37 проценти повеќе отколку во истиот период лани, но и седум проценти повеќе отколку во првото полугодие на 2019 година, кога светот уште беше спокоен од корона.

Најпродаван модел и натаму е СУВ-болидот Urus, кој со близу 2.800 примероци сочинува повеќе од половина од продажбата на марката. Најважен пазар се САД, каде што се продава речиси една третина од вкупата продукција. Потоа следи Кина, трета е Германија.

Очекувањата за продажбата до крајот на годината се мошне позитивни. Во моментов Сант Агата има нарачки за нови возила сé до април 2022 година. „Тоа е доказ за солидноста и моќта на марката, којашто и во време на постојани предизвици и неизвесност, наидува на растечка популарност“, изјави шефот на Lamborghini, Штефан Винкелман.

Претходна објаваMercedes SL има хипераналоген кокпит
Следна објаваSeat го пренамени камионот за трки во центар за вакцинирање

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here