за

Камион од 25 метри вози за Seat до пристаништето во Барцелона

Првиот мега-камион за транспорт на возила во Шпанија, долг преку 25 метри, секојдневно ќе вози од фабриката на Seat во Марторел до пристаништето во Барцелона.

И тоа е во име на животната средина. Со мега-камионот, Seat скусува 500 рути на годишно ниво, воедно намалувајќи ги трошоците на превозот за 11 проценти и зголемувајќи ја продуктивноста за 12 проценти.

Камионот е „мега“ поради тоа што е долг над 25 метри, може да натовари 11 автомобили и годишно испушта 5,2 тони СО2 помалку во споредба со превозот со обичен камион. Seat досега ги користеше овие камиони само за превоз на делови за производството на автомобили, но отсега со камионот од 25,25 метри ќе се превезуваат и готови автомобили.

Во зависност од натоварените модели, на камионот може да се натоварат 10 до 11 автомобили, додека обичен камион има капацитет за 8 до девет возила. Годишниот капацитет изнесува повеќе од 8.600 возила. Главната цел за ангажирање на мега-камионот е намалување на потрошувачката на гориво, преку зголемувањето на должината за транспортниот капацитет за 4,75 метри, односно со можноста да се натоварат три возила повеќе.

Главниот транспорт и натаму се врши со железница. Seat извезува повеќе од 80% од произведените возила во Марторел, а железничкиот превоз е еколошки, евтин и ефикасен. Откако го воведе Autometro, кој ги поврзува фабриката во Марторел со пристаништето во Барцелона, Seat направи околу 25.000 илјади камионски тури да станат непотребни на оваа рута. До 170 возила се натоварени на два ката, во композиција долга 411 метри. Во октомври 2018 година, Autometro одбележа еден милион превезерни возила од воведувањето на превозот во 2008 година.

>>> Фолксвагенова симфонија број 8 во MQB-мајор

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Овој Mercedes C-Class вози по секаков терен

Škoda Fabia четврта, само со бензинци, на праг на компакт-класата