Шпанските власти ќе учествуваат во изградбата на заедничката фабрика за батерии на производителот на автомобили Seat и на компанијата за енергетика Iberdrola. Тоа го најави министерката за индустрија Реиес Марото.
Првата фабрика од овој вид во четвртата најголема економија во еврозоната ќе се гради во близина на седиштето на Seat во Марторел, во подрачјето на Барселона. Министерката Марото го изјави тоа пред медиумите на настан во Мадрид.
Државата сака својот дел од инвестицијата, чијшто вкупен износ не се наведува, да го покрие со средства од програмата Next Generation на ЕУ, којашто е наменета за развој на стопанството по корона-пандемијата. Најавата беше дадена ден пред планираната денешна посета на фабриката на Seat во Марторел, од страна на шпанскиот премиер Педро Санчез и кралот Фелипе.
>>> Тест: Seat Leon 1.5 eTSI FR

















