Новата Honda Legend Hybrid EX може под одредени услови да вози самостојно според стандардите за трето ниво на автономно возење.
Јапонскиот производител во почетокот ќе го нуди моделот само на домашниот пазар. Legend EX покрај познатиот пакет системи за асистенција Sensing на Honda, дополнително располага со функција што на автомобилот му овозможува да се движи самостојно во услови на застој на патот. Јапонското министерство за транспорт издаде одобрение за системот.
Кога сообраќајот е во мирување или при возење по автопат, возачот може да ги тргне рацете од воланот и да препушти автопилотот да управува целосно. Како ориентација служат тридименионални карти со висока резолуција, податоци од навигацијата и комплетно следење на просторот околу со камери и сензори. Тоа што прави системот на Honda да биде посебен е неговата способност да го претстрои возилото во соседната лента. Во исто време, камера следи дали возачот е во состојба да интервенира, доколку се појави проблем или опасност.
Ако возачот не преземе контрола кога вештачката интелигенција во возилото го бара тоа од него, тогаш се слушаат предупредувања и трепкање во кабината, по што следат вибрации, звуците стануваат погласни и трепкањето посилно. Во случај возачот и тогаш да не реагира, тогаш компјутерот автоматски го престројува возилото во помошната лента и таму го запира.
https://www.youtube.com/watch?v=ShgbDBK0n5g
















