за

Електрична Scania минува цела држава со батерија од 624 kWh

Scania нуди електричен камион за регионален превоз, што вообичаената дневна рута ја минува без грижа дали има доволно енергија во батеријата.

Шведскиот производител на камиони од врвен ранг Scania, ја проширува својата гама од модели со погон на струја. Новите изведби стојат на располагање со кабина R или S за преноќување, со што се проширува кругот на клиенти што можат без ограничувања во својата работа да преминат на електричен погон.

Проширувањето на гамата од електрични камиони на Scania, со кабини за преноќување и со батерија со капацитет до 624 kWh, овозможува шведските камиони со погон на струја да се користат неограничено на подолги релации. За Кристијан Левин, извршен директор на Scania, „ова проширување претставува клучна пресвртница за нас и за нашите партнери“.

Електричните камиони на Scania се базираат врз истите начела како камионите со обичен погон, односно врз модуларност, одржливост и ниски крајни работни трошоци. Scania обезбедува комплетна поддршка со услуги за електричните камиони, вклучувајќи полнење на батеријата, финансирање, осигурување и одржување на возилото.

Новите електрични модели се достапни во единечна изведба и како влекачи за полуприколка, на пример, ладилници за превоз на храна. Досегот зависи од тежината, конфигурацијата и од топографијата, но како пример се наведува дека влекач 4х2, со шест батерии може да постигне досег до 350 километри. Податокот важи за возење со просечна брзина од 80 km/h на автопат. Камионите обично сообраќаат по иста рута, па може однапред да се предвиди кога и каде точно ќе се изврши полнење на батеријата. Додека се полни батеријата, воедно се исполнува и законски обврзувачката 45-минутна пауза за возачот. Тоа е воедно и одличната спрега, што прави електричните камиони да бидат уште поинтересни за компаниите.

Електричните камиони се произведуваат во верзија на влекач 4х2 или како 6×2*4 сандачар. За да се вградат 6 батерии, кај влекач 4х2 е потребно растојание меѓу оските од 4.150 милиметри. Вкупната дозволена тежина изнесува до 64 тони.

Техниката за полнење подржува полначи со моќност до 375 kW. Тоа значи дека за еден час полнење, може да се наполни енергија за 270 до 300 километри пат. Номиналната моќност за Scania 45 R или S изнесува 410 kW (560 КС). Швеѓаните веќе почнаа да бележат нарачки за камионите, а производството ќе стартува во последниот квартал од следната година.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

One Comment

Одговори

One Ping

  1. Pingback:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Lightyear: Електричниот автомобил што се полни од сонцето е пред почеток на производство

Ауто Билд знае кој шампон е најдобар за перење автомобил