за

Суперкар Блонди ќе продава скапи автомобили за колекционери

Најуспешната инфлуенсерка и видео-блогерка во светот на автомобилите основаше платформа за тргување со колекционерски автомобили што чинат милиони.

Суперкар Блонди, со име Александра Хирши во документите, од Дубаи создава видеа со луксузни автомобили уште од 2017 година. Блондинката ја следи милионска публика. Нејзиниот профил на фејсбук го следат 54 милиони корисници, на јутјуб и на тикток се по 18 милиони.

Освен за претставување луксузни автомобии, Александра во иднина ќе ја користи својата популарност за да продава автомобили за колекционери. Таа основаше платформа за наддавање под името СБИкс Карс, на којашто заинтересираните купувачи ќе се натпреваруваат со највисока сума за колекционерски автомобили, олдтајмери и суперспортски автомобили.

Само за почеток, СБИкс Карс располага со возила што вредат преку 100 милиони евра. Меѓу нив се ретки примероци, како Мерцедес АМГ Уан или прототип на Хајмерион ИксП-1. Суперавтомобилот со погон на водород располага со 2.000 КС. Од ЛаФерари, што е произведен во 499 примероци, Блонди има дури три примероци за продажба. Секое од овие возила чини најмалку еден милион.

Меѓу посебностите за првото наддавање се и вистински болид од формула 1 од Лотус во боите на Џон Плеер Спешл, како и неколку возила што лично му припаѓале на Колин Чепмен. Тој е основачот на Лотус. Автомобили што вредат милиони се и Мерцедес 300 СЛ Галвинг, Ламборгини Миура, БМВ 507 и Астон Мартин ДБ5. Со таков автомобил, Џејмс Бонд го гонеше светскиот непријател Голдфингер.

Од СБИкс соопштуваат дека на колекционерите им недостигало место на коешто „удобно и брзо ќе се наддава и ќе се продаваат“ возила од ваков ранг. Според Александра Хирши, купувачите досега морале да чекаат познатите аукциски куќи да организираат наддавање и таму да ги понудат своите возила.

Со возилата ќе се тргува онлајн или вработените ќе ги донесат истите на класичните наддавања. Посредници има во Лос Анџелес, Дубаи и Лондон. Суперкар Блонди ќе ги претстави возилата на своите видео канали пред наддавањата.

Онлајн-наддавањата ќе траат меѓу седум и 14 денови. Заинтересираните можат да ги погледат возилата на видео или на самото место. Директор на СБИкс Карс е Ленс Батлер, познато име на сцената.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Шимојама е новата патека на којашто Тојота ги тестира идните модели

Тесла изгуби 8,5 проценти од продажбата, доаѓа конкуренција