Со просечна плата од 28.217 денари, во Македонија треба целата месечна заработка да се издвојува подолго од 20 месеци, за потоа да се купи Mitsubishi Space Star, како еден од најдостапните автомобили на нашиот пазар.
Четириесет часови неделно, 48 недели во годината, тоа дава 1.920 часови поминати на своето работно место, во канцеларија, на подвижна лента, во супермаркет. Според македонската статистика, просечната плата во мај изнесувала 28.217 денари. Тоа се 456,6 евра месечно. Меѓу најдостапните модели за македонските возачки и возачи, дефинитивно еден од автомобилите со најдобра противвредност, спаѓа Mitsubishi Space Star со 1,2-литарски мотор со 71 КС и со солидно ниво на опременост – со редовна цена од 9.990 евра, односно со акциски 9.180 евра.
За македонски работник да заработи за овој автомобил, потребно е целата месечна плата да се издвојува настрана и така да се штеди цели 20 месеци и уште неколку денови. Во моментов е актуелно европското првенство во фудбал. Кристијано Роналдо, репрезентативецот на Португалија и играч на Јувентус е најдобро платен фудбалер на Еуро 2020. Неговата последна плата изнесувала 96,4 милиони евра – не сметајќи ги останатите приходи.
Колку долго треба да работи Роналдо за да заработи за нов Mitsubishi Space Star?
За врвниот фудбалер не важи редовно работно време од 40 часови неделно, 48 недели во годината и така натаму, но тоа најмалку значи дека работата не му е напорна на Португалецот. Само во Италијанската Серија А, Роналдо за една сезона одработува на теренот по околу 3.000 минути. Според тоа, најдобро платениот фудбалер на Еуро 2020, заработува за Mitsubishi Space Star 1.2 Intro за само дваесетина секунди во битка на теренот. Помалку од дваесетина секунди.
Една минута работа на Роналдо во Премиер А чини над 32.000 евра, тоа се близу два милиони денари. Една минута работа за просечна плата во Македонија чини 2,35 денари. Спортските новинари сигурно ќе умеат повешто да ја направат фудбалската споредба, но дури и да грешиме двојно, Роналдо пак ќе заработи за нашиот Mitsubishi за само четириесет секунди работа.
Секако дека станува збор за врвен фудбалер, што работи вешто со нозете, со главата и со умот, но постои уште една категорија на работници, нормално спортисти, што доаѓаат до нов автомобил уште полесно. Најдобрите автомобилски возачи светот ги добиваат своите автомобили бесплатно. Луис Хамилтон цел живот ќе ги вози најскапите модели на Mercedes без да ги плати. Истото веројатно важи и за Себастијан Фетел и Aston Martin, или за Чарлс Леклерк и Ferrari.
Навиваме за Македонија!