за

Романците купуваат трипати повеќе електрични автомобили

Dacia Spring е главниот двигател на огромниот раст на продажбата на електрични автомобили во Романија во минатиот месец.

Трикратно зголемување на продажбата на електрични автомобили во Романија во септември, додека целиот автомобилски пазар во земјата забележа раст од 33 проценти.

Dacia Spring ја предводи големата пресвртница во побарувачката за електрични автомобили во Романија во минатиот месец, каде што возилата со погон на батерија драстично ја зголемија продажбата, на сметка на автомобилите со погон на автогас.

Со вкупно 642 продадени возила, првиот и единствен модел на Dacia со целосно електричен погон го заврши месецот како трет најпродаван модел, по сестринските модели Dacia Sandero (1.172 возила во септември) и СУВ-шампионот Duster (962).

Дел од групацијата Renault, Dacia ги произведува моделите Sandero и Duster во Романија, додека Spring пристига од Кина. Во минатиот месец, Dacia Spring сочинуваше половина од вкупната продажба на електрични возила во земјата. Пазарот за овие возила се зголеми за 282 проценти и достигна 1.282 продадени примероци во септември.

Во исто време, побарувачката за возила со погон на автогас опадна за 21 процент, додека вкупниот автомобилски пазар во Романија порасна за 33 проценти, на 11.927 возила.

Додека уделот на автогасот се намалил од 14,6 на 8,6 проценти, уделот на електричните возила порасна од 3,8 проценти во истиот месец лани, на 10,7 проценти во септември годинава.

Тримесечниот пад во продажбата на автомобили во Романија (од јуни до август) заврши во септември, главно поради растот во продажбата на службени автомобили на 7.279 примероци, додека продажбите на приватни купувачи останаа на истото ниво, со 4.648 возила.

Со четири свои модели меѓу петте најпродавани модели на пазарот, Dacia владее со 3.570 продадени возила и со раст од 46 проценти во споредба со истиот месец лани.

 
1 Dacia 3,570 46%
2 Toyota 942 20%
3 Skoda 897 97%
4 VW 894 52%
5 Hyundai 866 -3.1%
6 Renault 790 77%
7 Ford 783 36%
8 Mercedes 347 18.%
9 Tesla 341 New
10 Peugeot 333 51%

Toyota ја зацврсти својата позиција како втора најпродавана марка во Романија, благодарение пред сé на одличната побарувачка за Yaris Cross. Јапонците шест месеци во низа се на второто место во земјата. Трета марка е Skoda. Водечката петорка ја заокружуваат Volkswagen и Hyundai.

Tesla се најде меѓу 10-те најпродавани марки, и тоа на 9-то место, со 341 продадени возила, наспроти само 1 автомобил продаден во септември лани. Моделите на Tesla и Dacia Spring заедно сочинуваат 33 проценти од продажбата на елеткрични автомобили во Романија во септември.

Електричната Dacia Spring вози во Кина како Fengon E1 и чини 9.500 евра

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota планира десеткратно зголемување на продукцијата на електричниот bZ4X

Ford заминува од Русија, некогаш беше пионер