Rimac Nevera со осум години бесплатно користење на брзите полначи Ionity

Сопствениците на Rimac Nevera имаат платено 2,4 милиони евра за хрватскиот електричен хиперавтомобил. Соодветно на масивната сума пари следат и осум години гратис полнење.

Rimac Nevera важи за најсилен електричен автомобил во светот. Електромоторите со вкупна моќност од 1.914 КС го катапултираат автомобилиот до темпо сто за помалку од две секунди.

И покрај оваа застрашувачка моќ, батеријата со капацитет од 120 киловатчасови може при штедливо возење да издржи до 500 километри. Во реалноста, досегот е далеку од таа вредност, меѓу другото и поради фактот што се работи за хиперспортски автомобил, што не е замислен да штеди.

За полнењето да биде колку е можно погосподско, Rimac најави дека ќе склучи партнерство со мрежата од полначи Ionity. Клиентите што ќе избројат 2,4 милиони евра за автомобилот, ќе можат осум години бесплатно да ги користат брзите полначи во мрежата.

„Технологијата HPC на Ionity гарантира брзо и сигурно полнење пирум Европа, и се грижи запирањата во бокс да бидат колку е можно покуси и поедноставни“, објаснува основачот на фирмата, Хрватот Мате Римац.

Nevera теоретски може да се полни со моќност од 500 киловати, но денес не постои таков полнач. Брзите HPC-полначи на Ionity испорачуваат 350 киловати. На нив, батеријата на Nevera може да се наполни до 80 проценти за 25 минути.

Хрватскиот хиперавтомобил е осмислен како гран туризмо и не е првенствено наменет за тркачка патека. Nevera треба патувањето да го претвори во сосем ново доживување. Кон завршетокот на јули годинава, мрежата на Ionity броеше преку 500 станици со повеќе од 2.500 приклучоци во 24 европски држави.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rimac Automobili (@rimac_automobili)

Планирано е од Rimac Nevera да се произведат 150 примероци, по 50 годишно. Хрватската компанија, партнер на Porsche и Bugatti, досега има објавено дека продукцијата за првата година е целосно распродадена. Прашање е дали ќе се најдат купувачи за преостантите две третини од планираната продукција. Можно е дека купувачите во тој сегмент и натаму преферираат бензински мотор, место електричен погон.

Во рамките на соработката со Ionity е планирано да се отвори станица со брзи полначи во новиот кампус на Rimac во близина на Загреб.

Како изгледа возењето електричен автомобил во градското секојдневие, тест со Toyota bZ4X

Претходна објаваTesla „си го ископа сопствениот гроб“ со Cybertruck, вели Илон Маск
Следна објаваFord и General Motors мораат да го скусат производството на електрични пикапи

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here