за

Менаџер на Renault: Вредноста на идните автомобили ќе паѓа помалку

Тоа е мошне охрабрувачка изјава од Тјери Камал, менаџер на Renault, кој цени дека идните модели во почетокот се поскапи, поради дигитализацијата, но нивната вредност понатаму ќе се намалува во помал обем отколку кај постоечките модели.

Менаџер на Renault тврди дека вредноста на идните модели автомобили ќе се намалува во помал обем отколку што гибат на вредност денешните модели. Сето тоа се должи токму на дигитализацијата.

Според Тјери Камал, „цената на возилото при купување можеби ќе биде повисока, меѓутоа фактот што со текот на времето ќе се приклучуваат нови функции, може да придонесе остаточната вредноста да се зголеми, место да се смалува, како што е случајн денес“. Менаџерот на Renault го изјави тоа во рамките на Mobile World Congress во Барцелона.

Камал во француската марка е одговорен за софтверот, односно главен е во развојот на технологии за идните модели. Преоѓањето на електрични и вмрежени автомобили, бара „комплетно да ја менуваме архитектурата на автомобилите“, нагласува Французинот. Место голем број контролни уреди што се вградени низ целото возило, во иднина ќе има неколку централни контролни единици.

Renault во трансформацијата соработува со технолошки компании, од рангот на Google или концернот за производство на чипови Qualcomm. Важно е производителите на крајот да имаат контрола „врз критичните елементи од софтверот“, нагласува менаџерот.

Целата понуда од модели на Renault на македонскиот пазар, со технички податоци, опрема и цени за секој модел, можете да ја погледнете во нашиот онлајн-каталог https://avtosalon.mk/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Половина век Audi 80: Без него Passat немаше да постои

Автоиндустријата се снабдува од 38 фабрики за компоненти во Украина