за

Renault подготвува уште три електрични модели

Renault, Zoe, Жил Норман

Жил Норман, шеф за електричните возила на Renault, открива: За 99 проценти од возачите на електричен автомобил, нема враќање назад

Во следните четири години Renault ќе претстави три комплетно нови модели со погон на струја. Заедно со постоечките модели, кои во меѓувреме ќе бидат освежени или ќе добијат нови батерии, францускиот концерн ќе ја прошири својата понуда од електрични автомобили и доставни возила на вкупно осум модели. Тоа е официјална потврда од Жил Норман, член на одборот на директори на Renault и прв човек на огранокот за електрични возила.

Renault и Nissan го имаат произведено секој шести електричен автомобил што вози низ светот

Renault Zoe е еден од автомобилите што постигнаа најмногу за напредувањето во ерата на електромобилноста. Во меѓувреме и пазарот бара повеќе примероци од Zoe отколку што се произведуваат. Французите ги продаваат своите автомобили на струја во 56 држави. Досега се продадени над 170.000 возила. Заедно со партнерот Nissan, двете марки заедно имаат продаденo преку половина милион автомобили на батерии од 2010 година наваму.

Прашањето за најдолгиот досег што се постигнува со полна батерија, воедно и најголема пречка за повеќето купувачи да преминат на погонот на струја, од ден на ден губи на значење. Според најавата на Норман, Renault Zoe наскоро ќе постигнува досег од 500 километри, што е за 60% повеќе од сегашните 300 километри. Тоа дополнително ќе го зголеми интересот за автомобилот.

Профилот на возачите на електрични автомобили исто така се менува. Во почетокот, овие возила ги избираа ентузијасти за техника и екологисти. Денес, погонот на батерија се избира и поради пониските оперативни трошоци. Дополнителен фактор е обезбедување „иднина“ за својот автомобил, затоа што забраните за сообраќај за возила со слаб квалитет на издувни гасови уште сега се реалност во голем број земји.

Електро-шефот на Renault предвидува дека 10% од продажбата во 2025 година ќе отпаѓа на електрични возила

Производителите ќе реагираат на промените на тој начин што ќе понудат погон на струја и во повисоките сегменти, конкретно во Talisman или Espace. Разликата во цената со обичните автомобили постојано се смалува, батериите поевтинуваат од ден на ден. Во исто време, моторите со внатрешно согорување стануваат поскапи, затоа што мора да поседуваат скапа техника за пречистување на издувните гасови.

Жил Норман открива и еден интересен податок од интерните истражувања: „99 проценти од нашите клиенти, коишто се решиле за електирчен автомобил, повеќе не сакаат да се вратат на обичен мотор.“

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

мобилен телефон место клучот од автомобилот

Клучот од автомобилот се претвори во мобилна апликација

lamborghini urus

Lamborghini Urus со „помошен електромотор“ пристига наскоро