За осум месеци европските возачи нарачале повеќе од 37.000 примероци од новата генерација на електричниот Nissan Leaf. По еден нов примерок се продава на секои 10 минути. Славеничкиот 100.000-ти примерок ќе вози во Мадрид, а сопственичката има и посебна причина за изборот на електричен автомобил
Nissan ја прослави испораката на стоилјадитиот примерок од електричниот Nissan Leaf на европскиот пазар. На глобално ниво, бројката надмина 320.000 примероци, тој е неспоредливо најпродаваниот електричен автомобил во светот.
Сопственичка на јубилејниот примерок е Сузана де Мена од Мадрид. Околу изборот на автомобил на струја, Шпанката открива: „Електричниот автомобил ни дозволува да пристапиме во строгиот центар на Мадрид и во периодите кога постои забрана за обичните автомобили, поради загаденоста на воздухот.“
За неполни осум месеци од почетокот на продажбата на европскиот пазар, Nissan доби повеќе од 37.000 нарачки за втората генерација на Leaf. Во просек се продава по еден примерок на секои 10 минути
Посебност на новиот Leaf е таканаречениот e-Pedal, којшто овозможува при возењето да се користи само педалот за „гас“. Автомобилот забавува посилно кога нагло ќе се отпушти педалот. Инерцијата се користи за полнење на батеријата. Според Nissan, e-Pedal го олеснува возењето. Leaf е воедно и прв модел на марката во Европа којшто се испорачува со системот за полуавтономно возење ProPilot.
Сопствениците на Nissan Leaf во Европа досега имаат извозено преку 2 милијарди километри и ја имаат поштедено животната средина од 300.000 тони СО2. Во прилог на моделот оди и фактот што 92% од сопствениците се задоволни од својот избор. Тоа е повеќе од кој било друиг модел на Nissan.
















