Дизелите ќе исчезнат од Брисел до 2030 година

забрана за дизелите во брисел

Автомобилите со дизел мотор повеќе нема да бидат добредојдени во Брисел по 2030 година. Белгиската влада го одобри планот што беше предложен од министерството за животна средина

Во напорите да обезбеди чист воздух за своите граѓани, Брисел дури размислува да воведе ограничувања и за сообраќајот на автомобили со бензински мотор. Според белгиската министерка за животна средина Селин Фремо, „останатите европски градови постапуваат во истата насока.“

Од 1-ви јануари годинава, градот се третира како заштитена еколошка средина во којашто смеат да пристапат единствено возила со ниска емисија на штетни материи. Во меѓувреме, поголем број европски градови воведоа заштитени зони во коишто е забрането да се пристапува со автомобили со дизел мотор. Плановите беа претставени уште во 2016 година.

Повеќе од половина од домаќинствата во Брисел не поседуваат сопствен автомобил, но и покрај тоа жителите мораат да дишат воздух кој е најзагаден од сите градови во Белгија. Министерот за сообраќај Паскал Смет исто така ја поздрави одлуката и цени дека „забраната за дизелот е дел од решението“.

Во Брисел од 1-ви јануари е забранет сообраќајот за дизели со норма Еуро 1 и Еуро 0. Од следната година, ограничувањето ќе се прошири и на Еуро 2, итн. Специјални камери ги снимаат регистерските таблички на возилата што влегуваат во градот и ги споредуваат со податоците во базата. Во случај на непочитување на забраната, казната изнесува 350 евра. Сопствениците на овие возила сепак можат да купат еднодневна карта за пристап, а во текот на една година имаат можност тоа да го направат осумпати.

Претходна објаваСекој трет нов автомобил во Европа е СУВ
Следна објаваШпанка го вози 100.000-от примерок од Nissan Leaf во Европа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here