Електричен Рено Сеник е европски автомобил на 2024 година

Рено Сеник Е-Тек сега е СУВ и се произведува само во електрична изведба

Лани титулата му припадна на електричниот Џип Авенџер, годинава повторно електричен модел ја понесува престижната титула на автомобил на годината во Европа. Честа за 2024 година му припадна на електричниот Рено Сеник.

Светското жири од автомобилски новинари го прогласи електричниот Рено Сеник за автомобил на 2024 година во Европа.

Списокот од 28 кандидати што се натпреваруваа за важната титула на автомобилската сцена, во ноември беше сведен на седум модели што продолжија во финалето.

Меѓу седумте финалисти само два модели не се кросовери или СУВ. Единствените модели што не возат на „висока нога“ се серијата 5 на БМВ и БИД Сил. Остантите финалисти се Киа ЕВ9, Волво Е-Икс-30, Пежо 3008/Е-3008 и Тојота Ц-ХР.

Стручното жири за овогодишниот избор го сочинуваат 59 новинари од 22 држави. Недостигаат двајца новинари и уште една земја, затоа што Русија беше суспендирана од изборот.

Рено Сеник освои 329 бодови. Втора е серијата 5 на БМВ со 308 бодови, следи Пежо Е-3008 на третото место, со 197 бодови. Останатите места им припаднаа на Киа ЕВ9 (190 бодови), Волво Е-Икс 30 (168 бодови), БИД Сил (131 бодови) и Тојота Ц-ХР (127 бодови).

Претходна објаваЏенерал Моторс се враќа во Европа со електричен Кадилак
Следна објаваПежо има автомобил со голем број: Новата 5008 доаѓа наскоро

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here