Пежо 3008 е лансиран успешно и се чека Еуроимпекс да јави за пристигањето на моделот, во меѓувреме Французите имаат уште еден нов автомобил: Пежо 5008 ја користи платформата на 3008, меѓутоа додава уште малку престиж и уште еден ред седишта. Електриката се подразбира.
Марката со лавот го најавува својот електричен СУВ со полн формат, како автомобил со „изобилство од простор за живеење со 7 седишта и лесен пристап до третиот ред седишта, коишто и самите се удобни.“
Бидејќи во сестринскиот модел на 3008, сé е околу внатршените вредности, односно тоа што 5008 го нуди дополнително од компактниот СУВ, Пежо денес првпат јави за новиот модел, преку кусо видео со внатрешноста на големиот СУВ.
Исто како кај 3008, прва е електричната изведба, потоа следат останатите погонски варијанти, вклучувајќи и хибридни изведби со добар МВС.
Панорамскиот и-Кокпит е новина уште од 3008 и тука лежи најголемата љубопитност околу новиот модел. Секако дека и 5008 го добива овој напреден кокпит што со право се води како најрадикална промена на стандардната шема на ракување со возилата.
Новиот и-Кокпит го добива своето име според панорамскиот екран со висока резолуција и пречник од 53 сантиметри (21 палци), што содржи и проекциски дисплеј. Посебно амбиентално осветлување прави екранот да личи како да лебди.
Остантите детали за внатрешноста и надворешноста за новиот Е-5008, Пежо најави дека ќе објави во март.
















